Златно Тркало 2020 – Нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил

Организаторите на Златно Тркало во соработка со импортерите на нови автомобили во Македонија ја оформија листата на потенцијални учесници за овогодинешниот Национален избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија! Во листата се вклучени возила кои пристигнале или ќе пристигнат непосредно пред почетокот на гласањето, а од оваа листа импортерите ќе пријават учесници. Од пријавените возила ќе се оформи листа во пет категории, а сите Вие ќе може да гласате за вашиот фаворит во секоја од категориите.

Потенцијалните кандидати се:

Audi Q3 | BMW 1 Series | BMW 3 Series | BMW 8 Series | BMW X6 | BMW X7 | DFSK Glory580 |Ford Focus Active | Hyundai Elantra | Jaguar XE | Kia ProCeed | Kia XCeed | Land Rover Discovery Sport | Range Rover Evoque | Lexus UX | Lexus ES | Mazda 3 | Mazda CX-30 |Mercedes-Benz CLA| Mercedes-Benz GLE | Mercedes-Benz B-Class | Mercedes-Benz GLB | Mercedes-Benz A-Class Sedan| Mitsubishi L200 | Mitsubishi Eclipse Cross | Mitsubishi ASX | Nissan Juke | Nissan Leaf | Opel Corsa | Peugeot 208 | Porsche 911 | Porsche Cayenne Coupe | Renault Clio | Ssang Yong Korando | SEAT Tarraco | Skoda Scala | Skoda Kamiq | Toyota RAV4 | Toyota Corolla | Toyota Camry | Volkswagen Golf 8 | Volkswagen T-Cross | Volvo S60|

На почетокот на следната недела ќе биде објавена финалната листа, а за секој кандидат ќе биде обезбедено пост со нашето мислење. На 15 Фебруари на централниот сајт http://www.zlatnotrkalo.mk ќе биде отворено гласањето за финалистите, а Вие ќе треба да го дадете вашиот глас во сите пет категории!

Следете не, наскоро следуваат многу изненадувања и интересни настани на кои Вие ќе може одблиску да се запознаете со финалистите!

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар