Тест: DFSK Glory 580 1.5 Turbo CVT

DFSK(Dongfeng Sokon) е кинеска компанија кој произведува SUV, MPV и мали комбиња и камиончиња.Моделот Glory 580 за прв пат беше претставен во средината на 2016 година, а до сега е продаден во над 400.000 примероци! Што значи дека DFSK направиле одличен продукт кој е доста популарен, кај нас сеуште не е до толку популарен(но набрзо може да биде), а во многу други земји се продава и тоа во голем број.Реално, тоа е и очекувано бидејќи за цената добивате супер-практичен SUV со 7 седишта.Исто така овој модел ја има добиено и наградата Gold Award of 2017 Best SUV во Кина.
Должината на возилото изнесува 4680мм, ширината 1845мм, висината 1715мм и меѓуоскиното растојание е 2780мм.

Нешто што ќе приметите на надворешниот дизајн е тоа дека има некои мали детали кои се превземени од модели на добро познати брендови.Но неможе да се каже дека е баш “Copy-Paste” конкретно на некој модел.Дизајнерите се потрудиле возилото да си има еден свој и модерен дизајн кој воопшто не изгледа лошо.Нема да биде по сечиј вкус секако, а и кога ќе го видите низ град на прв поглед ќе мислите дека е модел на некој добро познат европски бренд.
Достапни се две нивоа на опременост и уште во основното ниво добивате многу богата стандардна опрема, тестираниот модел беше во второто Luxury ниво со што добивате двобојни 17 инчни алуминиумски бандажи, keyless entry, сончев кров, кожни седишта, LED светла итн…за опремата ќе зборуваме подоцна.

Ентериерот има едноставен и доста добар дизајн.Во повисокото ниво на опрема добивате кожни седишта и делови на вратите и централната конзола имаат карбон трим.Океј, не сите материјали во ентериерот се меки на допир, но кога ќе ја земете во предвид цената на возилото е повеќе од добро.Се гледа дека е обрнато внимание и на ергономијата, сите контроли и копчиња кои се пред вас се поставени на добро место и се лесно разбирливи за користење.На предните седишта има многу простор, па и тие што се малку повисоки лесно ќе можат да ја најдат својата идеална седечка позиција.Исто така, седиштата се доста удобни и имаат одлична поддршка за грбот и нозете. Infotainment системот има голеем 10-инчен дисплеј кој вклучува и навигациски систем(нешто слично на Google Maps), поддршка за поврзување на вашиот паметен телефон, bluetooth, USB, aux и сите други потребни работи.Графиката е океј, менито е едноставно за користење и интерфејсот е скоро ист како кај Android таблет уредите , но целиот систем не е многу респонзивен. Исто така, добивате и задна паркинг камера, задни паркинг сензори, темпомат, keyless entry, автоматски клима уред…

Просторот на задните седишта-тоа е уште една работа со која Glory 580 може да се пофали.Сосема комотно ќе може да седат луѓе кои се високи до 190cm и притоа да имаат доволно простор за нозете и главата.Поради тоа што подот е комплетно рамен и нема голем тунел во средината, без проблем ќе може да седат и тројца патници, а притоа да не бидат стиснати.Бидејќи се работи за возило со седум седишта, назад имаме уште еден ред на кој може да седат двајца патници.За деца и за малку пониски луѓе ќе биде удобно, но не за некои предолги патувања. Со сите седишта исправени на располагање имате 375 литри багажен простор, а тоа може да прерасне на 2215 литри доколку се спуштат сите задни седишта.Отворањето на багажникот е широко, а подот е комплетно рамен со што ставањето и вадењето на некои тешки работи ќе може да го правите без потешкотии.

Достапен е само со еден турбо-бензински мотор:
1.5 Т со 150 коњски сили и 220Nm вртежен момент.
Како стандард доаѓа со 6-степен мануелен менувач, а како опција достапен е и CVT автоматски менувач. Перформансите кои ги има овој мотор не се којзнае какви, но се сосема доволни да ги задоволат потребите на повеќето луѓе.Тестираниот модел беше опремен со CVT автоматскиот менувач со кој возењето во град е многу полесно и релаксирано.Менувачот добро си ја завршува работата, но како и другите возила кој имаат CVT така и тука, му треба малку време за да сфати што треба да направи. Мојата просечна потрошувачка во градски услови на возење изнесуваше околу 11 литри на 100 изминати километри, што кога ќе ја земете во предвид големината и тежината на возилото не е воопшто голема.

Опремата што ја добивате во ова второ ниво вклучува-кожни седишта, двобојни 17 инчни алуминиумски бандажи, keyless entry, сончев кров, LED предни дневни светла, LED задни светла, 10-инчен дисплеј, задна паркинг камера, темпомат, борд компјутер, автоматски клима уред, систем за прикажување на притисокот во гумите, електрична рачна кочница, помош при тргнување на нагорнина, камера која го снима вашето возење и многу друго.

Морам да признаам дека возењето пријатно ме изненади, суспензијата одлично ги впива сите нерамнини на патот и нема многу тресење и клатење во кабината со што возењето и во град и на автопат е  доста комфорно.Она што не е баш добро е воланот кој има голема тежина и маневрирањето е малку потешко.Плус малку е чуден и некако како да не е поврзан со предните тркала, а со тоа не добивате никакви повратни информации. Изолацијата во возилото е на доста солидно ниво, но на поголеми брзини има мала бучава која доаѓа од моторот и ретровизорите.Кога станува збор за прегледност, бидејќи сепак седите повисоко, напред и од страните е добра, но позади не баш.Затоа добивате задна камера и задни паркинг сензори како стандард, а тие работи ви го олеснуваат многу паркирањето во тесни места и возењето во рикверц.За динамичноста мислам дека нема потреба да се збори зошто луѓето кои ќе се одлучат да го купат ова возило таа работа нема да им биде премногу битна.

За крај, дали ова возило е добро, дали вреди за цената и дали ќе ги задоволи вашите потреби?-Искрено, истите овие прашања ги поставував и јас пред да седнам да го возам…Overall возилото е навистина добро, не е перфектно, но неможе ни да очекувате да биде.Кога ќе ја земете во предвид цената и тоа колкаво возило и каква опрема добивате, секако дека вреди! Ако не на сите, на голем дел од луѓето ќе ги задоволи потребите.

Почетната цена за DFSK Glory 580 1.5 T Comfort изнесува 13.990€.
Цената на тестираниот модел DFSK Glory 580 1.5 T CVT Luxury изнесува 16.990€.

Повеќе информации може да најдете на http://abcbrother.mk/ или да го посетите продажниот салон на ABC Brother.

ЗАКЛУЧОК
Ова не е возило за секој и не секој ќе се одлучи да го купи, но ако не ви е битно знакчето што ќе го гледате на воланот и ви треба практичен SUV модел, одете и пробајте го возилото, сигурен сум дека ќе бидете пријатно изненадени!
3.6