Вчеравечер на свечен настан со ограничен број на луѓе и со почитување на сите мерки и протоколи за моменталната ситуација, во Рагуза 360 беа доделени наградите за првиот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија „Златно Тркало“.
Изборот и гласањето траеше од 15 до 28 февруари и уште тогаш беа прогласени и објавени победниците во сите категории, но како што и сите знаеме, поради моменталната здравствена ситуација манифестацијата мораше да се одложи. Па така, конечно вчеравечер се одржа таа манифестација на која заедно со колегите од Авто Плус, Carclub.mk и RPM.mk им ги доделивме наградите на победниците.
Победниците по категории за 2020 година се:
Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Toyota RAV4
Најпосакуван Градски Автомобил – Volkswagen T-Cross
Најпосакуван Семеен Автомобил – Hyundai Elantra
Најпосакуван Бизнис Автомобил – SEAT Tarraco
Главна награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија – Range Rover Evoque
Честитки до сите победници и голема благодарност до сите учесници и до сите оние кои го дадоа својот глас.
Погледнете го преносот во живо од вчерашната манифестација







































