Tarraco е првиот модел на Seat во класата на големи SUV модели и е поставен на новата MQB платформата.
Tarraco го добива новиот дизајнерски јазик на Seat, кој што е еволуција на досегашниот дизајн. Предната решетка сега е поробустна, има комплетно нов дизајн за предните LED светла, од страните добива линија која се движи од предните тркала па се до задниот дел каде што се спојува со горниот дел на задните светла.
Во иднина, сите нови модели кои ќе ги претстави Seat очекувајте да го имаат овој сличен надворешен дизајн.
Ентериерот исто така, има комплетно нов и различен дизајн од сите други модели на брендот. На горниот дел од централната конзола поставен е 8-инчен “tablet-style” дисплеј за infotainment системот, а како стандард сите модели на Tarraco доаѓаат со дигитална инструмент табла со 10.25-инчен дисплеј. Квалитетот на материјалите во целата кабина е одличен и е на ниво како во премиум секторот. Благодарение на MQB платформата, Tarraco ги добива сите најнови активни безбедносни системи како и новите системи за помош при возење. Вклучувајќи ги, blind-spot monitoring, traffic sign recognition, adaptive cruise control со traffic jam assist, auto high-beam и emergency assist.
Во Македонија, Tarraco е достапен во две нивоа на опременост- Style и Xcellence, а наскоро ќе биде достапно и спортското FR ниво.
Достапни се два бензински и два дизел мотори, кај бензинците понудата започнува со 1.5 TSI со 150 коњски сили, а пак појакиот мотор е 2.0 TSI со 190 коњски сили и стандардно доаѓа со 4WD систем и DSG автоматски менувач. Кај дизелите, достапен е 2.0 TDI моторот со 150 и 190 коњски сили- моторот со 190 коњски сили е достапен само со 4WD систем и DSG автоматски менувач. Исто така, Tarraco ќе биде достапен и во Plug-in Hybrid изведба.











