Пристигна Plug-in хибридната верзија на Peugeot 508

Уште еден Plug-in хибриден модел пристигна во салонот на Peugeot во Скопје, овој пат станува збор за моделот 508 Hybrid во SW (караван) изведба.

Надворешноста и внатрешноста немаат некои драстични промени во споредба со другите верзии на 508, освен тоа што се поставени ексклузивни HYBRID ознаки надвор и внатре. А според мене, токму 508 е еден од најубавите и најатрактивни модели во моменталната понуда на Peugeot.

Најважната промена на оваа верзија е погонот, односно 508 Hybrid користи 1.6-литарски PureTech турбо-бензински мотор кој располага со 180 коњски сили и работи во комбинација со електричниот мотор кој произведува дополнителни 110 коњски сили. Вкупната системска моќност изнесува 225 коњски сили, а благодарение на батеријата од 11.8 kWh, 508 Hybrid само на електрична енергија може да помине до 54 километри. Полнењето на батеријата со 7.4 kW (wallbox) полнач трае 1 час и 45 минути.

Hybrid моторот поставен во новиот Peugeot 508 е дизајниран да понуди уште повеќе сензација во возењето. Ги оптимизира своите оперативни трошоци благодарение на ефикасноста и C02 емисиите кои изнесуваат 29g/км.

Бидејќи понудата на возбудливо возачко искуство е дел од ДНК на брендот Peugeot, новите Plug-in HYBRID погони обезбедуваат едно поразлични и рафинирано задоволство. Затоа, оваа верзија добива и нови режими на возење кои вклучуваат: Electric mode – 100% возење на електрична енергија, Sport mode – конвенционалниот мотор и електромоторот работат заедно за максимални перформанси, Hybrid mode – автоматски одлучува кој мотор ќе го користи според условите на патот и Comfort mode – комбинација на Hybrid режимот со удобноста на адаптивната и контролирана суспензија.

Поставувањето на оваа погонска единица и батериите беше извршено бескомпромисно благодарение на мултиенергетската платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа). Пространоста во кабината и волуменот на багажникот се идентични како и во ICE верзиите.

508 Hybrid е достапен во три нивоа на опременост – Allure, GT-Line и GT.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Peugeot!