Новиот Peugeot 408 пристигна и отсега е достапен на македонскиот пазар! – 408 е несекојдневен и различен од сите модели до сега. Ова е првиот модел од овој „вид“ во историјата на Peugeot, а и воопшто во автомобилската индустрија како целина. Со новиот 408, Peugeot демонстрира креативност, моќ и храброст нудејќи целосно нова силуета во Ц сегментот. Овој нов модел на Peugeot нуди лавовски став и уникатна привлечност, инженерска извонредност фокусирана на ефикасност и интелигентна електрификација, како и емоции што ги обезбедуваат врвните технологии посветени на уживањето во возењето.
Peugeot 408 се издвојува пред се по својата динамична силуета со засечен заден дел и неговиот непогрешлив стил, а неговиот лавовски став е типичен за моделите на брендот. Линиите се остри, а предниот дел е широк и моќен. Пресекувањето на задниот браник е неочекувано, додека на профилот му дава помоќен изглед. Напред, светлосниот LED потпис во облик на лавовски заби, совршено го интегрира 408 во семејството на Peugeot, како и LED светлата со три канџи одзади.
Со должина од 4,69 метри, врз основа на долго меѓуоскино растојание од 2,79 метри, новиот Peugeot 408 има извонредно простран втор ред на седишта, со 188 мм простор за нозете. Багажникот е исто така импресивен, со волумен од 536 литри, што може да се зголеми на 1.611 литри откако ќе се склопат задните седишта.
И за возачот и за патниците, Peugeot 408 ја нуди најновата генерација на PEUGEOT i- Cockpit, веднаш препознатлив по неговиот компактен управувач посветен на уживањето во возењето и контролираната агилност. Во кабината, акцентот е ставен на квалитетот и поврзаноста, со најновите технологии за да се направи искуството на возење и патување поинтуитивно и поекономично.
Новиот 408 содржи 6 камери и 9 радари, системите за помош при возење обезбедуваат мир и безбедност. Тие вклучуваат: Адаптивна контрола на патување со функцијата Stop and Go, Night Vision систем, кое предупредува за животните, пешаците или велосипедистите, Мониторинг на слепите точки на долг дострел (75 метри), Предупредување за заден сообраќај, кое предупредува на потенцијална опасност при возење наназад и така натаму.
Новиот 408 доаѓа и со малку различна понуда на мотори во споредба со другите модели на брендот. Односно, достапен е 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили кој стандардно е опремен со 8-степен автоматски менувач. Другите опции се две Plug-in Hybrid верзии со 180 и со 225 коњски сили – тука се користи 1.6-литарски PureTech турбо-бензинец спарен со електромотор и батерија. Погонот кај сите верзии е само на предните тркала.
Peugeot 408 ќе биде достапен во неколку нивоа на опременост, конкретно моделите од фотографиите се во Allure Pack ниво на опременост со 1.2-литарскиот PureTech мотор. Ова најверојатно ќе биде и најинтересната комбинација за нашиот пазар. Целосните податоци за нивоата на опременост и цените ќе бидат достапни наскоро.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Peugeot – бидејќи ова е автомобил кој мора да го видите во живо за да го доживеете како што треба.




























