Групацијата Premium Brands, позната како официјален застапник на брендовите Kia и Volvo на македонскиот пазар, од сега и официјално го прошири своето портфолио со уште еден значаен автомобилски производител – кинескиот гигант BAIC, еден од најголемите и најбрзорастечки брендови во Кина и светот.
Со ова проширување, Premium Brands ја истакнува својата стратегија за донесување модерни, конкурентни и технолошки напредни возила кај македонските купувачи. Новиот, целосно опремен салон посветен на BAIC беше свечено отворен, што претставува важен момент за компанијата. Салонот е уреден по најновите стандарди на брендот, со простор кој овозможува посетителите непосредно да ги запознаат моделите, технологиите и дизајн-филозофијата на BAIC.
Од Premium Brands истакнуваат дека ова партнерство не е само уште едно додавање на бренд, туку долгорочен проект заснован врз доверба, професионализам и јасна визија. Компанијата сака да понуди врвно искуство за купувачите, од моментот на првиот контакт па сè до сервисната поддршка, а ова е нешто многу важно за новите кинески брендови што влегуваат на нашиот пазар. Тие додаваат дека се свесни за скептицизмот кај дел од купувачите кога станува збор за постпродажната поддршка, па токму затоа инвестираа во создавање стабилен и сигурен сервисен екосистем.
Во таа насока, Premium Brands веќе има воспоставено специјализиран сервисен центар исклучиво само за BAIC, опремен со најсовремена технологија, целосно обучен тим и комплетно обезбедени резервни делови. Ова значи дека сопствениците на BAIC во Македонија ќе имаат брза, професионална и сигурна поддршка без долги чекања и неизвесност.
Понудата за нашиот пазар е богата уште од самиот старт. Во фокусот се секако SUV модели, најбараниот сегмент кај македонските купувачи. Ќе бидат достапни моделите BAIC X35, X55 и X75, кои покриваат различни големини и класи, како и уникатниот BJ30, кој се издвојува со својот поуникатен и авантуристички карактер. Дополнително, во понудата се наоѓа и EU5, електричен седан.
Овој чекор претставува значајно зајакнување на конкуренцијата на македонскиот автомобилски пазар, кој сè повеќе се отвора кон нови производители и нови технологии. Premium Brands има амбиција BAIC да го позиционира како силен и препознатлив избор за купувачите кои бараат современ дизајн, напредни системи и конкурентна цена.
Повеќе информации за автомобилите може да видите на официјалниот вебсајт на компанијата – https://baic.mk/















