Stellantis ќе прави рефундација на средства за поправки на моторите 1.0 и 1.2 PureTech. Кои критериуми мора да се исполнат за да се добие компензација и како изгледа целиот процес?
Ова важи за единиците 1.0 и 1.2 PureTech од 2012 до 2023 година. Проблемите вклучуваат ремен и прекумерна потрошувачка на масло. Жалбите може да се поднесат за поправки извршени помеѓу 2022 и 2024 година. Програмата опфаќа модели од Peugeot, Citroën, DS и Opel. По години жалби, пријави и групни тужби, Stellantis воведува официјална програма за компензација во многу земји – дали ова важи и за Македонија немам официјална информација. Таа се однесува на бензински мотори PureTech 1.0 и 1.2 (код EB) кои имаат познати сериозни технички проблеми. Возачите сега можат да аплицираат за делумно или целосно враќање на трошоците за поправка доколку ги исполнуваат одредените услови.
1.0 и 1.2 PureTech моторите од групацијата Stellantis. Во што е проблемот? Главните грешки се:
- Абење на ременот кој е потопен во масло, што доведува до оштетување на системот за подмачкување
- Прекумерна потрошувачка на масло, предизвикана од неисправни клипни прстени или проблеми со сепараторот за масло
Проблемите се однесуваат на два типа мотори:
- 1.0 и 1.2 PureTech атмосферски 68-82 КС произведени од Јуни 2012 до Јуни 2022
- 1.2 PureTech турбо 100-155 КС произведени од Април 2014 до Јуни 2022
Дополнително, проблемот со клипните прстени се појави од април 2014 до јули 2018 година, а дефектите на сепараторот за масло се случија од февруари 2018 до февруари 2023 година.
Кои модели се вклучени во оваа кампања? Програмата вклучува широк спектар на модели од различни брендови:
- Peugeot 108, 208, 2008, 308, 3008, 5008, 301, 508, Partner, Rifter
- Citroen C1, C3, C3 Aircross, C3 Picasso, C4, C4 Cactus, C4 Picasso, C5 Aircross, C5 X, C-Elysée, Berlingo
- DS DS3, DS3 Crossback, DS4, DS7 Crossback
- Opel Corsa F, Crossland X, Mokka, Astra L, Grandland X, Combo E
Кој може да аплицира за враќање на средства и како? Повратот на средства е достапен за лица кои:
- вршеле поправки помеѓу 1 јануари 2022 година и 31 декември 2024 година.
- го сервисирале возилото според распоредот на производителот, со дозволено доцнење до 3 месеци или 3000 км.
- го поправиле моторот во овластен сервисен центар на Stellantis.
Што треба да се достави? За вашата апликација да биде позитивно разгледана, мора да доставите:
- Документ за идентификација
- потврда за регистрација на возилото
- VIN број
- фактура за поправка издадена на сопственикот
- последните три фактури за сервис или сервисна книшка со печати од овластен сервисен центар.
Во случај на несовпаѓање помеѓу сопственикот на возилото и лицето кое ја поднесува апликацијата, потребен е сертификат за семеен статус.
Како да аплицирате?
- Одете на официјалната платформа за поддршка на Stellantis – https://stellantis-support.com/v2/
- Внесете ги податоците за вашето возило и прикачете ги потребните документи.
- Проверете дали поправката е извршена во рамките на потребниот рок и во согласност со препораките за сервисирање.
- По верификацијата, производителот ќе ве информира за одлуката.
Нова гаранција за моторите PureTech. Продолжена гаранција е достапна и за моторите EB Gen3 од март 2024 година. Таа покрива 100% од трошоците за делови и работна рака до 10 години или 175.000 км – под услов да се исполнети одредени услови за работа.




