2023 година ќе биде година на моќно забрзување во електрификацијата на гамата на Peugeot: од првата половина на 2023 година, сите модели на Peugeot ќе бидат достапни со еден или повеќе електрични мотори. Peugeot ќе го понуди најширокиот „е-избор“ во Европа со многу нови модели и технологии. Од електрични велосипеди до комерцијални возила, е-скутери и патнички автомобили, Peugeot ќе ги задоволи сите потреби за електрична мобилност и ќе направи чекор напред кон својата цел да понуди 100% електрични модели во Европа до 2030 година. Воведувањето на нови хибридни погонски единици од почетокот на 2023 година, првично на Peugeot 3008 и Peugeot 5008, ќе ја прошири технолошката понуда, додавајќи нови 100% електрични решенија за батерии кај e-208 и e-308, водородни горивни ќелии и две и plug-in хибриди со погон на четири тркала.
2023 година ќе биде „електрична година“ за Peugeot, со тоа што брендот ќе воведе нови модели и технологии во својата гама. Peugeot ќе биде првиот бренд на Групацијата Stellantis што ќе ја лансира новата генерација на хибридни погонски единици, уште еднаш нагласувајќи ја желбата да им овозможи на што повеќе луѓе пристап до електрифицирана мобилност. Првпат понудена кај SUV возилата Peugeot 3008 и 5008 пред да се пренесе и кај другите модели во гамата, оваа нова генерација на хибридна технологија комбинира ефикасност и едноставност на користење. Се состои од бензински мотор PureTech од најновата генерација со 136 КС, заедно со нов електрифициран менувач со двојна спојка. Благодарение на батеријата од 48 V која се полни додека возите, оваа технологија нуди дополнителен вртежен момент при ниски вртежи и намалување на потрошувачката на гориво за 15%. Овозможува и возење со нула емисија на штетни гасови до 1 km при мали брзини и на кратки растојанија во град.
Понатамошно проширување на 100% електричната гама: лансирање на е-308 и е-308 SW. Палетата на Peugeot од 100% електрични модели ќе биде проширена во 2023 година со пристигнувањето на новите е-308 и е-308 SW. Peugeot ќе биде еден од првите европски
производители што ќе понуди 100% електричен караван автомобил. Со својата лимузина и караван, брендот Peugeot ќе може да ги задоволи сите потреби на клиентите од C сегментот кои сакаат да направат транзиција кон мобилност со нула емисија. Динамиката и уживањето во возењето, суштинските елементи кои се вкоренети во ДНК на Peugeot, беа во срцето на развојот на овие нови модели, кои наследија нов и особено моќен електричен мотор кој развива 115 kW (156 КС).
Исто така, во сегментот C, Peugeot го потврди идното лансирање на Peugeot е-408 заедно со plug-in хибридните верзии на динамичниот и иновативен fastback. Peugeot е-408 ќе го заокружи 100% електричен асортиман на Peugeot кој ги задоволува сите потреби, од Peugeot e-208 до Peugeot e-TRAVELLER, вклучувајќи ги и Peugeot e-2008, е-308, е-308 SW и e-RIFTER.
е-208 е водечки во 100% електричната гама на Peugeot и ќе претрпи некои големи промени во 2023 година, имено со новиот мотор претставен на е-308. Максималната моќност на e-208 ќе се зголеми за 15%, од 100 kW/136 КС на 115 kW/156 КС. Ефикасноста е исто така оптимизирана, за да се задржи на само 12 kWh/100 km, обезбедувајќи кај e-208 зголемување за 10,5% во опсегот или дополнителни 38 km до вкупно 400 km во комбиниран циклус WLTP.
Опремен со технологија на водородни горивни ќелии, новиот Peugeot e-EXPERT Hydrogen е понуда на Peugeot за професионалците и локалните власти кои бараат најиновативни решенија за мобилност со нула емисија. Главната предност на целосно електричниот Peugeot e-EXPERT Hydrogen е во намаленото време на полнење на неговиот резервоар за водород, само 3 минути. Со опсег до 400 km, моќност до 100 kW и вртежен момент до 260 Nm, e-EXPERT Hydrogen може да носи до 1.000 kg товар со волумен од 6,1 m 3.







