Volkswagen ја прославува 25 годишнината на Polo GTI со специјална лимитирана изведба – Polo GTI Edition 25

25 години Polo GTI! – За да ја одбележи оваа годишнина, Volkswagen го лансира специјалното лимитирано издание Polo GTI Edition 25. Во 1998 година Polo првпат ги додаде тие три иконски букви на своето име: GTI. Сега, четвртина век по лансирањето на Polo III GTI, VW претстави ограничено издание на сегашното Polo GTI.

Исто како и неговиот „постар брат“ Golf GTI, Polo има долга историја и голем број спортски претходници: VW сега одбележува четвртина век од Polo GTI со специјалниот јубилеен модел Polo GTI Edition 25, ограничен на само 2.500 единици. 

Кога беше лансиран во далечната 1979 година, GT варијантата на првата производна линија Polo предизвика голема врева. Но, дури во 1998 година и третата генерација на Polo, на автомобилот му беше дозволено да ги носи иконските три букви. VW го ограничи производството на првиот Polo GTI на 3.000 примероци и недолго потоа објави дека моделот е распродаден. Следната верзија на GTI се појави неколку години подоцна во 2006 година. Изданието Cup со моќност од 180 коњски сили беше вистинско уживање за обожавателите бидејќи визуелно беше засновано на тркачките автомобили користени во Polo купот.

Потоа, беше петтата генерација од 2010 година: 1,4-литарскиот TSI мотор со турбо и суперчарџер се покажа како хит кај ентузијастите на GTI и ги освои новите фанови. Наследникот во 2014 година беше нудеше нешто уште повозбудливо – сосема нов TSI мотор со 192 коњски сили и максимална брзина од 236 км/ч. Polo продолжи да се развива, а традицијата GTI еволуираше со него: шестата генерација на Polo од 2021 година постави нови стандарди за компактни автомобили. Беше заснован на модуларната платформа (MQB), која означува технолошки напредок во сите производни линии, како и висока јачина на каросеријата, примерна мала тежина на возилото и одлични возни својства.

Новиот Polo GTI Edition 25 го користи 2.0-литарскиот TSI мотор кој испорачува 207 коњски сили и 320 Nm вртежен момент тој е спарен со 7-степен DSG автоматски менувач и овозможува забрзување до 100 км/ч за 6.5 секунди. Дополнително, моделот стандардно е опремен со специјална спортска суспензија што ја спушта каросеријата за 15 милиметри и во комбинација со електронското блокирање на диференцијалот XDS, обезбедува синтеза на одлична возна динамика, подобрена тракција и прецизно управување што е типично за моделите GTI.

Новиот специјален модел, исто така, визуелно ја нагласува својата исклучителна позиција. Има класичен изглед на GTI, со црвени шепи на сопирачките, саќе дизајн на решетката на ладилникот и хромирани издувни цевки. И тоа не е сè – Polo GTI Edition 25 има мноштво други ексклузивни карактеристики на опрема, вклучувајќи 18-инчни алуминиумски тркала Adelaide во црна сјајна боја, црн покрив и црни надворешни ретровизори, а сето тоа помага да се создаде неговиот спортски изглед. 

Внатрешноста е стандардно опремена со врвни спортски седишта во перфорирана црно-црвена кожа со зашиени GTI логоа и сјајна црна декоративна облога со црвени натписи GTI. Сопствениците ќе бидат потсетени дека нивното возило е едно од ограничениот број со логото „One of 2500“ на на праговите од вратите. Покрај GTI боите Pure White, Kings Red Metallic, Reef Blue Metallic, Smoke Grey Metallic и Deep Black Pearl Effect, Polo GTI Edition 25 е достапен и во нова Ascot Grey.

Polo GTI Edition 25 ќе биде достапен за нарачка во Германија од 1 јуни, а цената за еден ваков примерок изнесува 35.205 евра.