Во салонот на Volkswagen пристигна новиот ID.4 GTX

Во салонот на Порше Македонија пристигна новата спортска GTX верзија на електричниот ID.4. GTX е новото име за спортски модели на Volkswagen кое во иднина ќе биде замена за GTI, а токму ID.4 е првиот модел кој доби ваква спортска верзија.

ID.4 GTX добива низа промени кои го прават лесно да се разликува од другите нормални верзии на моделот. Дизајнот на ID.4 GTX го нагласува неговиот извонреден карактер, комбинирајќи уживање во возењето со робустен изглед. Познатата светлосна лента напред е комбинирана со моќни, динамични елементи – особено трите саќе елементи кои ги формираат дневните светла. Тие го пренесуваат спортскиот карактер на возилото дури и кога е во мирување и воспоставуваат врска со Golf GTI. Покрај новодизајнираните браници, привлечните елементи на задниот дел ги вклучуваат 3D LED светлосните групи со стоп светла кои формираат X. Бојата на каросеријата е подоминантна отколку кај моделите со погон на задните тркала. Покривот и задниот спојлер се црни, додека рамката на покривот е антрацит со висок сјај. А оваа верзија добива и ексклузивни 20-инчни алуминиумски бандажи.

Промени има и во внатрешноста – применета е нова шема на бои, а горниот дел од контролната табла и вратите се обложени во кожа со нова темна нијанса. Најзначајната разлика се прекрасните bucket спортски седишта во алкантара, а на горниот дел од седиштата е поставено GTX логото. Низ целата кабина има контрастни црвени шевови кои се класичен симбол за спорт и моќ. Логото GTX се појавува и на воланот и на праговите на вратите. Како и кај другите верзии, пред возачот се наоѓа мала дигитална инструмент табла, додека на централната конзола е поставен 10-инчен екран за инфозабавниот систем.

ID.4 GTX има два електромотори од кои еден е на предната, а еден на задната оска. Заедно, тие испорачуваат максимална електрична моќност од 299 коњски сили и 460 Nm вртежен момент. Благодарение на погонот на сите четири тркала, ID.4 GTX може да забрза од 0 до 60 км/ч за 3.2 секунди и од 0 до 100 км/ч за 6.2 секунди. Максималната брзина на возилото е електронски ограничена на 180 км/ч. Батеријата на автомобилот е со капацитет од 77 kWh, што е доволно за досег до 480 километри со едно полнење. Со максимален капацитет на полнење од 125 kW, батеријата може доста брзо да се наполни.

Стандардниот Vehicle Dynamics Manager ја поврзува опционалната адаптивна контрола на шасијата со XDS електронската блокада на диференцијалот на оската и управува со нивната интеракција со максимална прецизност. Тесно соработува и со контролата на погонот на сите тркала, како и со системот за контрола на сопирањето. Ова обезбедува дека динамиката и стабилноста на возењето го достигнуваат најдоброто можно ниво во секоја ситуација.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Volkswagen.