Во салонот на KIA пристигна специјалниот Sportage Anniversary Edition 

KIA Sportage, непроменливо еден од најпопуларните модели на овој бренд, оваа година полни 30 години. Sportage дебитираше пред 30 години на саемот во Токио и оттогаш е еден од клучните модели на марката. Првиот KIA Sportage изгледаше како SUV, но имаше карактеристики на чист теренец. Структурата на шасијата обезбеди соодветна издржливост, а опционалниот погон на четири тркала овозможи забава во тешки услови. Покрај тоа, ова беше првиот автомобил од оваа марка што се нуди на глобално ниво.

Втората генерација на Sportage беше многу поцивилизиран автомобил. Во моментот на својата премиера, овој автомобил изненади многу луѓе. Sportage беше тој што помогна да се изгради силна позиција на брендот, која беше зајакната со третата генерација, која можеби е и визуелно најатрактивната.

Сега ја имаме петтата инкарнација на овој автомобил. Па во таа чест сега е достапна специјална „роденденска“ верзија. За да ја прослави 30-годишнината на моделот, Kia подготви специјално јубилејно издание. По што се издвојува оваа специјална Anniversary Edition верзија? Пред сè, по црната завршница на горниот дел од автомобилот – прозорците и украсните ленти. Во црно се обоени и бандажите (со целосно нов дизајн достапен само за оваа верзија) и маската. Сето ова е во контраст со новата Wolf Grey боја, која исто така е достапна само за оваа верзија. За оние на кои не им се допаѓа оваа боја достапни се и други бои: Deluxe White и Pearl Black.

Во внатрешноста има доста интересни детали и елементи, а како најважни се седиштата (комбинација на кожа и алкантара) кои се во зелена боја и имаат специјално изгравирани детали. Деталите во зелена кожа продолжуваат и во вратите. А оваа верзија добива и доста богата стандардна опрема и може да се најде апсолутно сè што се посакува. Дигитални инструменти, голем екран за мултимедијата, паркинг сензори и камери, голем број на системи за поддршка на возачот, адаптивни LED фарови и многу друго…

Специјалниот Sportage Anniversary Edition е веќе достапен во продажниот салон на KIA и ќе може да се нарача само одреден временскиот период. Цената на оваа верзија опремена со 1.6 T-GDi бензински мотор со 180 коњски сили и 7-степен DCT автоматски менувач изнесува 33.500 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА