Ова се неколку интересни и важни факти за новиот Mercedes-Benz GLC

GLC е еден од најпродаваните модели на Mercedes-Benz во последниве неколку години и воедно еден од најважните модели на брендот. Од неговото прво претставување во 2016 година до сега се продадени повеќе од 2.6 милиони примероци, што е и повеќе од доволен доказ дека на купувачите навистина им се допаѓа овој автомобил. Новата втора генерација пристигнува со значајни промени во споредба со својот претходник. Да, надворешниот дизајн можеби е една убава еволуција на претходната генерација, но се останато е комплетно променето и опциите кои сега се достапни се во доста поголем број. Па ајде да разгледаме неколку интересни новости кај втората генерација на GLC!

Погонски единици: Сите верзии на новиот GLC се електрифицирани – палетата на мотори се состои од 2.0-литарски четири цилиндрични бензински и дизел мотори кои работат во комбинација со електричен мотор. Четири од нив се mild-hybrid единици со втора генерација на интегриран стартер-генератор (ISG). Додека достапни се и три дополнителни plug-in хибридни верзии, а најмоќната од нив располага со системска моќност од 381 коњски сили и системски вртежен момент од 750 Nm. Сите овие plug-in хибридни верзии имаат електричен досег до 120 километри (WLTP) благодарение на батеријата која е со капацитет од 31.2 kWh.

Благодарение на големиот електричен опсег, секојдневните растојанија обично може да се поминат целосно електрично. Подобрената програма за хибридно возење обезбедува електричен режим на возење за најсоодветните делови од рутата. Возењето на струја е приоритет на патувањата во урбаните средини. Дополнително, сите верзии стандардно се опремени со 4Matic погон на сите четири тркала, како и 9-степен автоматски менувач.

Удобност и агилност: Главните компоненти на динамички конфигурираната шасија на GLC вклучуваат нова предна суспензија со четири врски и независна задна суспензија со повеќе врски. Стандардната суспензија обезбедува високо ниво на удобност при возење и бучава, агилно управување и уживање во возењето, а опремен е и со систем за амортизација зависен од амплитудата. Опционалната воздушна AIRMATIC суспензија има променлива и прилагодлива амортизација за компресија, а во зависност од избраниот режим на возење нуди помеко или потврдо возење.

Врвни способности на пат и на off-road услови: Новиот GLC доаѓа со значително подобрени атрибути за возење на пат и надвор од него. Тоа вклучува поедноставено ракување со користење на off-road приказот на централниот екран, појасни информации благодарение на „проѕирната хауба“ и извонредната безбедност при влечење и управување со подобрените системи за контрола. Plug-in хибридните верзии и во вакви off-road услови можат да возат само на струја.

Дополнително, новиот GLC е особено агилен и стабилен со опционалното управување на задната оска комбинирано со подиректен сооднос на управувањето на предната оска. Аголот на управување на задната оска е до 4,5 степени. Ова го намалува кругот на вртење за 90 сантиметри, односно на 10,9 метри.

Подобрена аеродинамика и намалена бучава во кабината: Минималниот коефициент на отпор на GLC изнесува Cd = 0,29. Ова го прави за две стотинки подобар од неговиот претходник (Cd = 0,31) – сето ова е забележителен напредок за SUV модел со конвенционален погон. Изолацијата во автомобилот е на уште повисоко ниво, GLC нуди пријатно и тивко возење со многу ниска бучава од патот и ветерот. Сите акустични мерки заеднички придонесуваат за „добредојде дома“ атмосферата која е белег на Mercedes- Benz.

Внатрешност: новиот GLC ја продолжува успешната формула на модерен, спортски и луксузен дизајн од Mercedes-Benz. Контролната табла е хоризонтално поделена на два дела и се одликува со дарежливи површини со централен дисплеј што изгледа како да лебди. Авангардниот дизајн на седиштата и модерните панели на вратите го нагласуваат високиот квалитет на ентериерот.

Нов MBUX систем: Најновата генерација на инфозабавниот систем со два големи дисплеи и навигација на цел екран ја прави внатрешноста уште подигитална и интелигентна. Пред возачот е поставен 11.9-инчен целосно дигитален дисплеј кој нуди неколку различни прикази и широк опсег на конфигурација. Во средината е поставен нов 12.3-инчен дисплеј за инфозабавниот систем преку кој се контролираат и сите функции на автомобилот, додека како опција достапна е и MBUX Augmented Reality навигацијата.

Digital Light LED фарови: Оваа револуционерна технологија на фаровите со својата динамика и прецизност создава речиси неограничени можности за висока резолуција и насочена дистрибуција на светлината. Резултатот е одлична видливост за возачот без да се наруши видливоста на другите учесници во сообраќајот. Оваа иновација нуди дополнителна безбедност за возачот, особено при ноќно возење и овозможува комуникација со другите учесници во сообраќајот. На пример, може да го направи возењето побезбедно со проектирање на водечки линии, симболи и анимации на патот.

Подобрени компоненти и системи: Energizing пакетот содржи различни системи за удобност со кои се обезбедува поефективно искуство во возењето. Energizing Coach предлага соодветна фитнес или велнес програма заснована на податоците за возилото и патувањето. Пакетот Air-Balance нуди индивидуално, суптилно искуство на мирис во внатрешноста – според личните преференци и во зависност од расположението. Благодарение на освежувачката јонизација и филтрирање на надворешниот и внатрешниот воздух, се обезбедува подобрен квалитет на воздухот. Опционалниот Energizing Air Control интелигентно го следи квалитетот на воздухот во внатрешноста на возилото. За таа цел користи сензори за квалитет на воздухот и ако се надминат граничните вредности, тој автоматски ја префрла климата во режим на кружење на воздухот.

Системи за безбедност и помош на возачот: најновата генерација на пакетот Driving Assistance Plus содржи дополнителни и подобрени функции, на пример во Active Distance Assist DISTRONIC, Active Steering Assist, Traffic Sign Assist, новиот пакет за паркирање со камера од 360 степени и „проѕирна хауба“, како и помош при маневрирање на приколка.

Идеален автомобил за влечење приколка: Новото мени на централниот дисплеј и планерот на маршрутата за влечење се две врвни точки на GLC за операциите при употреба и влечење на приколка. Целта на овие и многубројните понатамошни напредни функции за работа е да го направат влечењето што е можно побезбедно и попријатно. Покрај тоа, 4MATIC погонот на сите тркала обезбедува извонредна влечна сила на која
било површина.

Повеќе информации за новиот Mercedes-Benz GLC може да најдете ТУКА или да го
посетите продажниот салон на Мак Ауто Стар.