Понудата на ABC Brother – официјалниот застапник на брендот Dongfeng отсега е збогатена со уште два нови интересни модели. Секако, станува збор за SUV модели, едниот го носи името Huge, а другиот го носи името Mage – сосема различни модели кои таргетираат и различна група на купувачи.
Да почнеме со моделот Huge – а како што кажува и името станува збор за навистина голем SUV. Овој модел е долг 4720 мм, широк 1910 мм и има меѓуоскино растојание од 2825 мм. Сето ова значи дека нуди навистина просторна и практична кабина која има навистина многу опрема.
Huge има интересен и истовремено „нормален“ надворешен дизајн, а ова е модел кој дефинитивно е насочен кон фамилијарните купувачи на кој им е потребен голем простор во кабината. Под хаубата е достапен само еден мотор, а тоа е 1.5-литарски турбо-бензинец со 201 коњски сили кој е спарен со 7-степен автоматски DCT менувач. Достапни се две нивоа на опременост Intelligence и Premium+, a цената е 31.490 евра и 33.490 евра, соодветно.
Вториот нов модел – Mage, е покомпактен и поинтересен SUV кој ги таргетира помладите купувачи кои сакаат да се издвојат со својот автомобил. Mage е долг 4650 мм, широк 1905 мм и има меѓуоскино растојание од 2775 мм. Сепак и ова не е баш „мал“ автомобил, па просторната понуда во внатрешноста и тука е одлична.
Надворешниот дизајн на Mage е исто така иновативен. Мазните линии на страните на каросеријата, дизајнот на покривот и скриените рачки на вратите ја истакнуваат уникатноста и спортскиот изглед на автомобилот.
Внатрешноста е исто така интересна и богата со опрема. Тука се спортските седишта, големиот панорамски покрив и многуте уникатни детали. Пред возачот има 10.25-инчна дигитална инструмент табла, додека на централната конзола е поставен голем 13.2-инчен екран за инфозабавниот систем.
И овој модел доаѓа со 1.5-литарски турбо-бензинец, но моќноста тука изнесува 194 коњски сили, додека силата оди кон предните тркала преку 7-степен автоматски DCT менувач. Mage е достапен во едно ниво на опременост и цената за овој модел изнесува 25.900 евра.
Повеќе информации за овие два нови модели може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на ABC Brother.