Новата обновена верзија на семејниот SUV на Peugeot, моделот 3008 сега е достапен и на македонскиот пазар.
Освежениот 3008 добива визуелни промени на надворешноста и внатрешноста, а направени се промени и во механиката.
Остриот изглед на надворешноста останува, но обновениот модел добива комплетно нов преден дел – frameless предна решетка, редизајнирани LED фарови (стандардни во сите изведби) и комплетно нов преден браник. На задниот дел, исто така променет е браникот, а поставени се и нови редизајнирани LED светла. Се на се, сите овие промени го прават новиот 3008 уште поуникатен и попривлечен. Додадени се и неколку нови бои за надворешноста – Celebes Blue и Vertigo Blue, како и нов Black пакет кој е достапен само за GT изведбите со кој голем дел од деталите на надворешноста наместо хромирани ќе бидат во црна боја.
Дизајнот на кабината не е премногу сменет, но сега се добива нова 12.3-инчна целосно дигитална инструмент табла, која во споредба со таа во претходниот модел има многу подобра и почиста графика. На горниот дел од централната конзола поставен е 10-инчен дисплеј за инфозабавниот систем кој има подобра резолуција од претходно и е со најновиот интерфејс на Peugeot. Под дисплејот има 7 „пијано копчиња“ кои овозможуваат брз пристап до одредени функции. На задните седишта сега се поставени 2 USB приклучоци, а напред во централната конзола како опција достапно е и wireless полнење за вашиот телефон.
Во зависност од нивото на опременост, може да одберете „Nappa“ кожни седишта во неколку различни бои, алкантара седишта, frameless внатрешен ретровизор и различни текстури кои вклучуваат и избор на тексура од dark lime дрво.
Понудата на мотори останува иста како и претходно, а сега се достапни и две хибридни изведби со што се овозможува #powerofchoice за купувачите.
Основниот мотор е 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили, а следен е 1.6-литарскиот четирицилиндарски PureTech мотор со 180 коњски сили. Доколку сакате дизел, достапен е само еден 1.5-литарски BlueHDi мотор со 130 коњски сили. Освен најмоќниот мотор, сите други стандардно се опремени со 6-степен мануелен менувач, а како опција достапен е и 8-степен автоматски менувач.
Кога станува збор за хибридните изведби, може да одберете помеѓу верзија која е само со преден погон и верзија со погон на сите четири тркала. Основниот хибриден 3008 располага со 1.6-литарски PureTech мотор и еден електромотор, а вкупната системска моќ е 225 коњски сили. Само на електричен погон може да се поминат околу 55 километри. Вториот Hybrid4 3008 го користи истиот 1.6 PureTech мотор со 200 коњски сили, но оваа изведба има два електромотори и вкупната системска моќ изнесува 300 коњски сили – овој модел само на електричен погон може да помине околу 60 километри.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА.
























