Новиот фејслифт Mercedes-Benz CLA пристигна во салонот на Мак АутоСтар

Во салонот на Мак АутоСтар пристигна новата освежена верзија на популарниот CLA. Според мене, ова е еден од најубавите модели во понудата на брендот, па реално и не беа до толку потребни некои драстични промени во надворешниот дизајн.

Новата фејслифт верзија на CLA доаѓа со бројни иновации, освежен дизајн и надградена стандардна опрема. Ново обликуваниот преден дел, ревидираната решетка на ладилникот и новиот заден дифузер го изоструваат спортскиот карактер. На ова се додадени и модернизираните LED High Performance фарови, кои се стандардни за прв пат до сега како и целосно LED задните светла. Новите бои Hyper Blue и Spectral Blue, како и три дополнителни дизајни за тркалата во големини до 19 инчи, го продолжуваат изборот за индивидуализација. Стандардно, новиот CLA е опремен со 17-инчни алуминиумски тркала со пет краци во сребрена боја или дизајн со пет двојни краци во високосјајна црна боја.

Во внатрешноста вниманието го привлекува панелот со двојните екрани. Сега стандардно доаѓа со 7-инчен екран за возачот и 10,25-инчен централен екран за инфозабавниот систем. Два екрани од 10,25 инчи со изглед на широк екран се опционално достапни. Тие нудат холистички високотехнолошки искуства и создаваат исклучително отворена просторна архитектура. Воланот на сегашната генерација е стандардно обложен со Nappa кожа. Алтернативно, мултифункционалниот спортски волан за прв пат е достапен во вештачка ARTICO кожа. Новите украсни елементи во темен карбонски изглед, кафеаво дрво или кафеави микрофибер MICROCUT елементи (само кај AMG Line) дополнително ја подобруваат внатрешноста. Кај AMG Line верзијата за прв пат до сега е достапно и греење на волан.

CLA се одликува со најновата генерација на MBUX системот – со ново дизајнирани стилови на екранот – „Classic“ ги обезбедува сите релевантни информации за возачот, „Sporty“ импресионира со динамичниот бројач на вртежи и „Discreet“ е ограничен на најважните ставки. Групата инструменти и централниот екран може да се индивидуализираат според желбите на возачот и ситуацијата. Централниот екран ги нуди сите претходни функции како навигација, медиа, телефон, поставки итн. и може да се ракува практично како екран на допир.

Ревидираниот телематски систем импресионира со новиот дизајн и подобрените перформанси. Нова функција е поврзување со паметни телефони преку Apple CarPlay или Android Auto безжично. За понатамошно поврзување, CLA има дополнителни USB-C приклучоци и сите USB порти сега се осветлени.

Во комбинација со најновата генерација на MBUX системот, опционалниот Burmester аудио систем сега се одликува со извонредно Dolby Atmos аудио доживување. На музиката и дава повеќе простор, јасност и длабочина. Dolby Atmos овозможува дискретни аудио елементи или предмети да се постават во тридимензионално звучно поле и да се прилагодат на која било средина за репродукција.

Што се однесува до моторите, понудата останува иста како и претходно – достапни се неколку бензински и дизел мотори, а тука се и Plug-in хибридните погони. Новост е тоа што сите бензински мотори сега се електрифицирани со 48-волтен систем. Сите верзии стандардно се опремени со 7 или 8-степен автоматски менувач. 

Кај бензинците понудата започнува со CLA 180 кој користи 1.3-литарски турбо-бензинец со 136 коњски сили и 230 Nm вртежен момент, следен е CLA 200 кој го користи истиот мотор, но тука испорачува 163 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Кај дизелите, понудата се отвора со CLA 180d кој користи 2.0-литарски дизел со 116 коњски сили и 280 Nm вртежен момент, следен е CLA 200d со истиот мотор, но со зголемена моќност од 150 коњски сили и 320 Nm вртежен момент, додека врвната дизел верзија од истиот мотор испорачува 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Plug-in Hybrid верзијата со ознака CLA 250e користи 1.3-литарски турбо-бензинец спарен со електромотор и батерија од 15.6 kWh за вкупна системска моќност од 218 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Само на струја оваа верзија може да помине до 82 километри. И секако на врвот на понудата се спортските AMG CLA 35 и AMG CLA 45 – двете верзии користат 2.0-литарски турбо-бензинец со 306 и 421 коњски сили, соодветно.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Мак АутоСтар.