(не)официјално – SEAT исчезнува од пазарот. Шефот на Volkswagen групацијата на тој начин го потврди она што долго време се предвидуваше. Сега приоритет има Cupra, која без сомнение е многу успешна.
SEAT, по многу пертурбации, конечно ќе исчезне од пазарот. Сето тоа благодарение на Cupra, која буквално го изџвака својот „мајчин бренд“. Сепак, Томас Шефер, шеф на Volkswagen групацијата, нагласува дека SEAT нема да биде засекогаш изгубен.
Германците имаат нова идеја за овој шпански бренд. Пред сè, овде зборуваме за збогување со бренд со огромна традиција. SEAT беше лансиран пред 70 години и е во сопственост на Volkswagen од раните 1990-ти. Сепак, Германците имаа голем проблем да најдат добро место за оваа компанија. Нејзиниот почетен буџетски карактер беше поместен од Skoda, која беше поуспешна. Подоцна се бараше спортски потенцијал и после одредено време некако и тоа се изгуби…
И тој план никогаш не беше екстремно успешен. Тука имаше различни концепти, кои на крајот се продаваа добро, но не извонредно. Само разделбата на Cupra од Seat беше успешна и овозможи создавање на компанија со спортски имиџ. Сега Volkswagen ја носи единствената правилна одлука. SEAT нема иднина во сегашната форма. Историјата на овој бренд ќе заврши со актуелната генерација на модели кои повеќе нема да претрпат фејслифт. Станува збор и за Leon, кој во случајот со Cupra наскоро ќе добие нов лик.
Сè укажува дека SEAT ќе го напушти пазарот следната година, или најдоцна во 2025 година. Значи, што е следно за SEAT? Шпанската марка ќе биде претставник на „новата мобилност“ во Volkswagen групацијата. Затоа, очекувајте скутери, електрични велосипеди и други чудни урбани електрични возила со логото на SEAT. Покрај тоа, идејата е да се создаде автомобил кој ќе работи како „автомобил за споделување“, по примерот на други вакви car-sharing компании.
Официјалните информации најверојатно ќе бидат познати следната година. Затоа, доколку сакате да купите нов SEAT, побрзајте, бидејќи наскоро ќе имате само Cupra. Вреди да се напомене дека таму опсегот на модели рапидно расте. На Born, Leon и Formentor наскоро ќе им се придружат Rebel, Tavascan и Terramar. Првите два модели се електрични, додека третиот ќе биде достапен само како plug-in хибрид.
*Ова не е официјално соопштение од SEAT – на IAA саемот во Минхен, шефот на Volkswagen групацијата во интервју соопшти дека групацијата планира сосема нови планови за овој бренд. А тоа значи комплетно различен концепт на работа од тоа до сега. Но, не се исклучува крајот на производството на автомобили по „истекувањето“ на сегашната моделска линија. Што навистина ќе се случи со овој бренд останува да видиме во наредните неколку години…





