Jaguar F-Pace е освежен со надграден Plug-in Hybrid погон и нови нивоа на опременост

За новата 2024 моделска година, Jaguar подготви неколку освежувања за големиот F-pace. P400e верзијата продолжува да го предводи изборот на електрифицирани погонски единици на F-Pace и сега има поголем пакет на литиум-јонски батерии, кој се состои од девет модули наместо осум, зголемувајќи го капацитетот за складирање енергија на 19,2 kWh. Ова го зголемува опсегот само на електрична енергија од 53 километри до максимални 65 километри – зголемување за повеќе од 20 проценти. Подобрувањето, исто така, ги намалува емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво.

Комбинираната моќност на P400e изнесува 404 коњски сили и вртежен момент од 640 Nm, а ова овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 5.3 секунди. Оваа комбинација на зголемена ефикасност и исклучителни перформанси сега е достапна на повеќе пазари отколку порано.

Исто така, променета е и понудата на достапни нивоа на опременост. Возилата кои не се R-Dynamic веќе не се нудат, што ја рационализира понудата на клиентите, а во исто време обезбедува подобрени спецификации. Моделите R-Dynamic S, SE и HSE се опремени со тркала од 19, 20 и 21 инчи, соодветно, понудени со избор на diamond-cut или црна завршница, додека 400 SPORT верзијата сега има 22-инчни forged тркала – Style 1020 во сјајно сребрена боја со diamond-cut завршница и контрастни детали. Централните капачиња на тркалата сега се црни и сребрени на местото на претходните црвени и сребрени.

Сигурното, динамично присуство на F-Pace е уште повеќе засилено со Black Pack – сега стандарден кај сите модели од R-Dynamic SE до SVR – и кој сега има сјајна црна завршница применета на капачињата на ретровизорите, како и на решетката, опкружувањето на решетка, опкружувањето на прозорците, отворите за вентилација, задниот дифузер и задните значки. Друга суптилна промена е значката на решетката R-Dynamic ажурирана во современа црна и сива наместо црвена и зелена боја.

Во луксузниот, простран ентериер има повеќе технологија отколку порано. R-Dynamic S го добива новиот TFT дигитален дисплеј за возачот, додека wireless полначот за мобилен телефон е стандарден од R-Dynamic SE. Секој модел од палетата на F-Pace го има брзиот, интуитивен инфозабавен систем Pivi Pro, кој нуди беспрекорно поврзување преку безжичен Apple CarPlay, безжичен Android Auto, интегрирана гласовна контрола Alexa и навигација со what3words. Pivi Pro – заедно со другите системи низ возилото – е секогаш ажуриран благодарение на софтверските ажурирања преку воздух.

Палетата на F-PACE со новата моделска година се состои од: R-Dynamic S, R-Dynamic SE, R-Dynamic HSE, 400 SPORT и SVR. F-Pace SVR е SUV со врвни перформанси на Jaguar. Придвижуван исклучиво од 5.0-литарски V8 бензинец со 550 коњски сили, способен е да забрзува од 0 до 100 км/ч за 4.0 секунди и може да достигне максимална брзина од 286 км/ч.

Палетата на погонски единици се состои од три дизел мотори – 2.0-литарски MHEV мотор со 163 и 204 коњски сили, додека на врвот е 3.0-литарскиот мотор со 300 коњски сили. Кај бензинците, достапен е 2.0-литарски мотор со 250 коњски сили и 3.0-литарски мотор со 300 коњски сили. Plug-in Hybrid верзијата користи 2.0-литарски бензинец, електромотор и батерии за вкупна системска моќност од 404 коњски сили.

Сите модели на F-Pace имаат интелигентен погон на сите четири тркала и 8-степен автоматски менувач, а како и луксузот и префинетоста, секој од нив обезбедува идеална рамнотежа на перформанси, агилност и реакција што возачите ја очекуваат од Jaguar.