По официјалното претставување на новиот електричен Fiat 600e, брендот сега најавува и хибридна верзија која ќе биде достапна од 2024 година. Новиот 600 всушност ќе биде достапен само како електричен модел, а хибридната верзија ќе биде достапна само за оние неколку земји каде што конверзијата на целосно електрични модели е сè уште со побавно темпо.
Хибридот е паметно и прифатливо решение со зголемена побарувачка од клиентите. Хибридниот погон ќе биде лансиран на две нивоа на опременост – Fiat 600 Hybrid La Prima, најексклузивната верзија и Fiat 600 Hybrid, најпристапната верзија. Оваа хибридна верзија на Fiat 600 користи 1.2-литарски трицилиндричен турбобензинец кој испорачува 100 коњски сили и дополнително е спарен со електромотор кој испорачува дополнителни 30 коњски сили – а тука е и малата батерија од 48 волти. Силата се пренесува кон предните тркала преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Од Fiat велат дека овој погон овозможува возење само на струја до 30 километри на час. Овој MHEV мотор вграден во новиот Fiat 600 Hybrid е најдобриот израз на технологијата и обезбедува врвна удобност и перформанси. Благодарение на напредната технологија.
Новиот Fiat 600 Hybrid нуди забрзување до 100 км/ч за само 11 секунди и практично моментална испорака на вртежен момент од електромоторот. Затоа, перформансите на моторот со внатрешно согорување брзо се поддржуваат од електромоторот и се идеално оптимизирани, ублажувајќи го ефектот на „турболаг“ и обезбедувајќи подготвена реакција со секое притискање на педалот за гас. Хибридното напојување има повеќекратни предности, не само при стартување во 100% електричен режим (е-Launch). Исто така, електричниот мотор ја подобрува ефикасноста и динамиката на возилото, дозволувајќи му на автомобилот да патува со исклучен мотор со внатрешно согорување во одредени ситуации. Овој режим се активира при градско возење под 30 км/ч, со целосен електричен досег од 1 километар во урбани средини.
Новиот Fiat 600 го користи најдоброто од световите на Б и Б-SUV сегментот за да понуди прекрасно и практично возачко искуство, означувајќи го враќањето на марката во Б сегментот. Ова е автомобил кој нуди идеално решение за љубителите на градот и совршено олицетворение на вредностите на брендот за италијанскиот стил и одржливост. Од надвор електричниот 600е и 600 Hybrid се скоро идентични и немаат некои преголеми разлики. Во внатрешноста, двете верзии се карактеризираат со новиот дигитализиран стил на брендот.
Новиот Fiat 600 би требало да пристигне на нашиот пазар веќе од почетокот на следната година.



