Малите автомобили во изминативе неколку години стануваат се помалку и помалку поради растот на цените, но тие не заминуваат засекогаш. Новиот KIA Picanto покажува дека има уште многу потенцијал во овој сегмент. А од сега, Picanto е повторно достапен на македонскиот пазар.
Новиот KIA Picanto доби сосема нов, многу агресивен дизајн. Дали ќе биде доволно да се натпреварува со поновите конкуренти? Ново лице, стар пријател. Да не ве залажува целосно новиот преден дел и силно модифицираниот заден дел. Ова е сè уште длабок фејслифт на актуелната генерација, а не целосно нов автомобил. Тоа е добро – Picanto не е стар, а во овој сегмент нуди навистина се што ви треба. Предниот дел сега се одликува со нови LED светла кои имаат сличен дизајн како на EV9 и освежениот Sorento. Решетката и браникот исто така се променети, создавајќи композиција со агресивен изглед што привлекува внимание.
Има и многу нови работи одзади. Светлата се поврзани со LED лента и добија форма која потсетува на светлата напред. Благодарение на ова, овде се одржа визуелна кохезија и изгледот на Picanto беше силно освежен. Во крилата на тркалата ќе најдете бандажи со големина од 14 до 16 инчи. Исто така, овој автомобил има неколку нови безбедносни карактеристики.
Има и мали промени во внатрешноста. Тука нови се дигиталната инструмент табла зад воланот, поголем 8-инчен мултимедијален екран и нови украси и различни бои на ентериерот. Оваа дискретна козметика го направи кокпитот свеж и не разочарува. Покрај тоа, тука е зачувана добра ергономија, што ќе биде голем плус за многу луѓе.
Под хаубата на Picanto има веќе докажани мотори и тука нема никаква револуција. Корејците се потпираат на добро познат мотор кој се користи во овој модел долги години. На нашиот пазар, Picanto е достапен со 1.2-литарскиот четирицилиндричен MPI мотор со 79 коњски сили. Може да одберете помеѓу 5-степен мануелен менувач или 5-степен автоматски менувач.
Исто така, достапно е само едно ниво на опременост кое содржи навистина богата опрема за ваков тип на автомобил. Цената на новиот Picanto изнесува 17.650 евра, односно 18.650 евра за верзијата со автоматски менувач.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на KIA.




















