Премиера на новиот Renault Espace – SUV наместо MPV

Renault Espace повеќе не е MPV модел, сега станува збор за SUV, дури и со малку „off-road“ стил. Новата генерација на овој автомобил не е ништо повеќе од долга варијанта на моделот Austral. Ваквиот потег на Французите сепак беше последна шанса да се спаси ова иконско име.

Espace е легенда во автомобилскиот свет. Овој автомобил го отвори патот за MPV сегментот, а со години беше модел на совршен автомобил и тоа не само како „фамилијарен“. Со текот на годините, ваквите автомобили служеа и како автомобили за компании, за превоз на гости и така натаму. Никој не беше изненаден, бидејќи Espace исто така понуди богата опрема и моќни мотори од самиот почеток. Сега, сепак, дојде време за целосна промена на имиџот – а ова е и последна и единствена шанса за овој автомобил да го продолжи успехот. Новата генерација на Renault Espace е класичен SUV со огромен багажник.

Новиот Espace e Austral зголемен по два – така може да се опише овој автомобил накратко. Renault Austral е основата од која се крева речиси сè до Б столбот. Стилот е речиси идентичен, а најголемата разлика е подолгиот заден дел и повисоката линија на покривот. Како резултат на тоа, новиот Espace е дури 14 cm пократок од неговиот претходник. Дополнително, новиот модел „ослабе“ за 215 килограми, но ова не е и некој подвиг кога зборуваме за технички и помал автомобил.

Не може да се пожалиме на недостаток на простор во багажникот. Во конфигурацијата со 7 седишта на располагање има 159 литри багажен капацитет. Стандардната конфигурација со 5 седишта обезбедува капацитет за багаж од 777 литри, а со склопени задни седишта добиваме 1.818 литри. Покрај тоа, сите прегради за складирање овде имаат вкупен капацитет од 39 литри.

Друга карактеристика на овој автомобил е огромниот стаклен покрив, долг 1,37 метри и широк 84 cm. Дефинитивно не сакате да го оштетите, бидејќи поправката ќе биде со сигурност многу скапа. 

Ентериерот е доста добро осмислен. Задните седишта се движат за 22 сантиметри. Со нивното поместување што е можно поназад, добиваме 321 милиметар простор за нозете. Третиот ред може да се третира како итен случај, бидејќи не е толку простран како кај неговите претходници. Сепак, децата нема да се жалат тука за недостаток на простор. 

Првично, Espace ќе добие само една погонска единица – во овој голем теренец за седум лица ќе има 1.2-литарски E-Tech мотор со 200 коњски сили. Ова е новиот хибрид на брендот, таканаречен „self-charging“. Мала батерија со капацитет од 2 kWh ви овозможува да возите на електрична енергија само на ограничен опсег на растојание. Понатаму, во понудата ќе се приклучат и 1.3 TCe моторите со 130 и 156 коњски сили. За жал, тука нема да најдеме дизели – Renault се збогуваше со нив засекогаш…

Предноста на новиот Espace ќе биде 4Control системот на задната оска. Благодарение на неговото присуство, маневрирањето е на ниво како кај Clio, со круг на вртење од само 10,4 метри. Може да се смета и на генерално добри возни карактеристики.