Македонска премиера на новата Toyota Corolla Cross

Целосно новата Toyota Corolla Cross е SUV изведба на најпродаваниот автомобил во светот – Corolla. Новата Corolla Cross е специјално дизајнирана да овозможи беспрекорна практичност и уживање за целото семејство. Не само што овој модел го комплетира семејството на Corolla – покрај хечбек, караван и седан, туку ја комплетира и линијата на SUV модели на Toyota, која сега им нуди на клиентите најширока палета на европскиот пазар.

Моќниот, робустен стил на новата Corolla Cross е специјално прилагоден за европскиот пазар. Corolla Cross е долга 4460 мм, широка 1825 мм, висока 1620 мм и има меѓуоскино растојание од 2640 мм. Позиционирана е помеѓу C-HR и RAV 4 и е во срцето на висококонкурентскиот C-SUV сегмент.

Внатрешноста нуди одлична видливост за сите патници, доволно простор за главата и нозете на предните и задните седишта, задни врати со големи отвори, како и зголемена светлина во возилото и чувството на просторност обезбедено од панорамскиот покрив. Багажниот простор е со лесен пристап и широк отвор на вратата што го прави погоден за товарење големи предмети.

Бројни напредни технологии се дел од опремата на новата Corolla Cross. Тука е најновата мултимедијална технологија, со контролна табла специфично дизајнирана за Европа која се одликува со нова дигитална инструмент табла за возачот од 12.3-инчи и централен инфозабавен систем со дисплеј од 10.5-инчи.

Со новиот побрз процесор, инфозабавниот систем со висока резолуција и екран на допир, добива и безжично поврзување преку Apple CarPlay и жично поврзување преку Android Auto, а тука е и цел пакет на Toyota Smart Connect услугите.

Corolla Cross е првиот модел на брендот на глобално ниво што ја користи новата петта генерација на хибриден систем. Оваа најнова генерација на самополнечки хибриден систем е достапна во FWD – преден погон или AWD-i – интелигентен погон на сите тркала. За разлика од претходната генерација, новата генерација се одликува со поголем вртежен момент, поголема моќност како и поголема ефикасност. Со најновите литиум-јонски батерии, новиот систем е помоќен и за 40% полесен од претходно.

На располагање е 2.0-литарски хибриден погон кој испорачува 197 коњски сили и забрзување од 0 до 100 км/ч за 7.5 секунди. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 5 литри на 100 изминати километри.

Верзијата со AWD-i погон располага со дополнителен електро мотор на задната оска со импресивни 30 kW. Задниот електро мотор се вклучува автоматски за да даде поголема влечна сила во неповолни услови. Новиот систем сега е уште полинеарен, попредвидлив и поконтролиран при забрзување, а сето тоа овозможува поинтуитивно и поприродно чувство во возењето.

Новата Corolla Cross е опремена и со T-Mate безбедносен систем кој ја комбинира најновата генерација на безбедносниот пакет Toyota Safety Sense со дополнителни активни системи за помош при возење и паркирање. Новите функции на Toyota Safety Sense вклучуваат систем за итно запирање во возење (EDSS) со over-the-air ажурирања. Дополнително, направени се и подобрувања на адаптивниот темпомат, како и на системот за предупредување при напуштање на лента и помош за задржување во лента.

Corolla Cross поседува фабричка гаранција од 10 години и на нашиот пазар ќе стартува со цена од 38.490 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Toyota.