Во салонот на Jeep пристигна новата хибридна верзија на Renegade која ја носи ознаката e-hybrid. До сега, Renegade беше понуден и во Plug-in хибридна изведба како единствена електрифицирана опција. Новиот e-Hybrid модел го отстранува Plug-in аспектот со поставување на помала батерија која се полни со регенерација од сопирање, има помалку моќен електричен мотор и нов турбо бензински мотор.
Новата e-Hybrid верзија користи 1.5-литарски четирицилиндричен турбо бензинец кој испорачува 130 коњски сили и 240 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку седум-степен автоматски менувач. За хибридната страна на работите се грижи мала батерија и електричен мотор со 20 коњски сили кои исто така ги придвижува предните тркала и работи на електричен систем од 48 волти. Jeep тврди дека овој погон испорачува до 15 проценти помала потрошувачка на гориво и емисии од претходните верзии со чист бензински мотор.
Новиот хибриден систем нуди многу повеќе од само електрично потпомогнато возење – исто така има целосно возење со исклучување на моторот со внатрешно согорување, користејќи го само електричниот мотор, а сето ова е надополнето со беспрекорно исклучување и вклучување на бензинскиот мотор.
Кога батеријата е доволно полна, автомобилот ќе се запали тивко и ќе може да се тргне со помош на батеријата и системот на електричниот мотор. Батеријата и електричниот мотор стандардно се користат и за старт-стоп возење низ градскиот метеж.
Повеќе информации за новиот Jeep Renegade e-Hybrid може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Jeep.

















