Peugeot ги претстави целосно електричните Е-308 и E-308 SW

Веќе достапни во електрифицирани plug-in хибридни верзии, хечбек и караван изведбите на новиот 308 ќе бидат достапни и во 100% електрична верзија од 2023 година. Peugeot ќе биде првиот европски производител кој ќе понуди 100% електричен караван. Електричните 308 и 308 SW ќе бидат придвижувани од сосема нов електричен мотор, кој развива 156 коњски сили и нуди опсег од над 400 километри (според WLTP) во зависност од нивото на опремата. Оваа двојна понуда е одговор без компромиси, совршено прилагоден на потребите на клиентите од C-сегментот. Уникатниот изглед на 308 е комбиниран со уживањето во возењето карактеристично за моделите на Peugeot. Достапни во нивоата на опременост Allure и GT, новите Peugeot E-308 и E-308 SW ќе пристигнат на пазарот последователно во средината на 2023 година.

Дизајнот на новите Peugeot E-308 и E-308 SW е вкоренет и во ДНК на Peugeot и во динамичен, врвен референтен свет. Подолгата предна хауба ја подобрува силуетата, волумените се сензуални и остри, а новото лого на брендот е гордо прикажано во центарот на решетката. Напред, поставени се Matrix LED фаровите со препознатливиот дизајн на Peugeot, како и задните LED светла со три канџи. Новите алуминиумски бандажи од 18 инчи се специјално развиени за 100% електричните верзии на 308 и 308 SW. Нивната аеродинамична ефикасност е особено добро дизајнирана за да ги оптимизира перформансите.

Сосема нов електричен мотор ќе биде лансиран во новите E-308 и E-308 SW. Со 156 коњски сили и 260 Nm вртежен момент (достапен од 0 км/ч) за моментална реакција. Новиот мотор ќе го вози E-308 тивко, без вибрации и без емисија на CO2. Овој мотор ќе ја надополни сегашната понуда, која вклучува 180 и 225 коњски сили plug-in хибрид верзии, како и класични мотори со внатрешно согорување. Менувачот на E-308 и E-308 SW го оптимизира својот опсег, додека одржува високо ниво на перформанси со одзив специфична за електричните мотори.

Батеријата која ќе биде вградена е исто така целосно нова генерација. Станува збор за високонапонска батерија од 54 kWh (употребливи 51 kWh) со нова хемија. Батеријата има нов хемиски состав со 80% Никел – 10% Манган – 10% Кобалт, кој работи на 400 волти и дозволува опсег од над 400 километри според WLTP протоколот.

Дополнително, за да управува со потрошувачката на енергија што е можно поефективно, возачот може да избере режим на возење (ECO, NORMAL и SPORT), а достапен е и нов „BRAKE“ режим со цел да го зголеми забавувањето кога ќе се отпушти педалата за гас. Се со цел да се оптимизира обновувањето на енергијата.

Вградениот трифазен полнач е стандарден и има моќност од 11 kW. Приклучокот за полнење ги прифаќа сите режими на полнење. Со полнач од 100 kW, полнењето на возилото од 20% до 80% ќе трае помалку од 25 минути.