Македонска премиера на новата целосно електрична Toyota bZ4X

Целосно новиот bZ4X е првиот модел на Toyota од „Beyond Zero“ семејството на електрични возила (BEV). Истовремено, покрај тоа што го означува понатамошниот развој на оддамна воспоставените технологии за електрифицирани возила на Toyota, bZ4X исто така испорачува и важни иновации во безбедноста, системите за помош на возачот и мултимедијалната конекција. Покрај ова, bZ4X ја проширува и улогата на автомобилот, така што тој не претставува само превозно средство од точка А до точка Б, туку нуди и поддршка за нови можности во мобилност.

bZ4X е првиот модел што Toyota го развива целосно како BEV, но исто така и првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на BEV. Врз основа на филозофијата на eTNGA(Toyota New Global Archictecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото. Ова носи повеќекратни придобивки, вклучително и низок центар на гравитација, одлична рамнотежа на предната и задната оска и висока цврстина на каросеријата.

Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен. Препознатливите тенки преди светла и акцентот на предните агли ја отсликува моќноста на автомобилот. Страничниот изглед се одликува со тенки предни столбови и ниска линија на покривот. Големите тркала (до 20-инчи) доведени до самите агли на каросеријата го изразуваат автентичниот SUV карактер на автомобилот. Задниот дел е нагласен со динамични форми и агли и препознатливи задни светла. Дизајнот вклучува и аеродинамични елементи кои управуваат со протокот на воздух над и под возилото.

Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е нисо поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот „рацете на воланот, очите на патот“ е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7-инчен екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот. Просторот за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 литри со исправени задни седишта.

bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12-инчи, овозможувајќи пристап до навигацијата базирана на облак (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станиците за полнење.

Новиот bZ4X е достапен во неколку различни изведби и погони. Верзијата со погон на предните тркала се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување до 100 км/ч за 8.4 секунду и максимална брзина од 160 км/ч. Моделот со погон на сите четири тркала има максимална моќност од 217 коњски сили и 336 Nm вртежен момент, максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 км/ч е намалено на 7.7 секунди.

Системот нуди опција за „Single pedal drive“ со кој се засилува регенерацијата на енергијата при сопирање, што му овозможува на возачот да го забрза и забави возилото користејќи ја само педалата за гас.

Батеријата има капацитет од 71.4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 километри (според WLTP тестирањата). Батеријата може брзо да се полни без да се загрози безбедноста или рокот на траење – полнење од 80% може да се постигне за околу 30 минути со DC брз полнач од 150 kW.

Toyota го искористи повеќе од 25-годишното искуство во технологијата за електрифицирани возила се со цел да се осигура дека новата литиум-јонска батерија во bZ4X има светски квалитет и издржливост. Од Toyota гарантираат дека батеријата се уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000 километри, под услов клиентот да го носи своето возило во овластен Toyota сервисен центар за годишна проверка.

Системот за погон на сите тркала користи посебни мотори со моќност од 80 kW за придвижување на предната и задната оска. XMODE му овозможува на возачот да избере режим на возење што одговара на условите на патот.

bZ4X е опремен со напредни Toyota T-Mate системи за активна безбедност и помош на возачот. Третата генерација на Toyota Safety Sense носи нови и подобрени функции за да се заштитите од уште поширок опсег на ризици од незгоди. Најновите безбедносни системи ги зајакнуваат способностите како партнер на возачот, напредувајќи поблиску до крајната цел на општеството за мобилност „нула жртви и повреди во сообраќајни незгоди“.

Цените за новата Toyota bZ4X започнуваат од 50.990 евра.