Volkswagen слави 20 години од SUV моделот Touareg со специјална „EDITION 20“ изведба. Овој модел ќе се придружи на семејството на премиум SUV модели на брендот и располага со особено обемна палета на ексклузивна опрема – вклучувајќи исклучително експресивен надворешен дизајн и елегантен кожен пакет во внатрешноста. Од неговото лансирање на пазарот во 2002 година, луксузниот теренец постигна огромен успех. Повеќе од еден милион единици од овој автомобил се продадени ширум светот до денес.
Пред 20 години, Volkswagen направи храбар чекор во нов сегмент со стилскиот Touareg. Оттогаш, премиум теренецот на компанијата цврсто се етаблира на соодветните пазари и постигна извонреден успех. До денес се продадени повеќе од еден милион примероци – импресивна бројка за C-SUV сегментот. Современите опционални карактеристики како што се „Travel Assist “ и „Innovision Cockpit“ со екран за инфозабавниот систем од 15-инчи (стандарден во Touareg „EDITION 20“ обезбедуваат уште поголема удобност и максимална поврзаност. Технолошки софистицираните иновации на опремата за возење, како што се опционалната воздушна суспензија и компензацијата на тркалање, ја зголемуваат динамиката на возилото и го прават Touareg многу полесен за ракување отколку што може да сугерира неговата големина.
Карактеристичните елементи на новиот специјален модел вклучуваат целосно нова „Meloe Blue“ боја, како и 20-инчни Bogota бандажи со висок сјај, кои се достапни само за овој модел. Експресивниот надворешен дизајн е заокружен со затемнети странични и задни стакла, LED задни светла со „cherry red“ нијанса и значка „EDITION 20“ на Б столбот. Крилата околу тркалата и дифузерот тука дополнително се во сјајно црна боја.
Ексклузивноста на Touareg „EDITION 20“ продолжува и во ултрамодерниот ентериер. Возачот и патниците се пречекани со осветлена облога на праговите со логото „EDITION 20“. Висококвалитетните црни Savona кожни седишта со карактеристични дијамантски шевови и шевови во контрастната Ceramique боја, го нагласуваат екстремно стилскиот целокупен впечаток. Спортскиот карактер е нагласен со црвени акценти, совршено усогласените двојни шевови во црвена боја може да се најдат на контролната табла, на воланот и на внатрешните страни на вратата. Рачката на менувачот обложена со кожа, исто така го содржи логото „EDITION 20“.
Новиот Volkswagen Touareg „EDITION 20“ се нуди со четири погонски варијанти: 3.0-литарски V6 TDI дизел со 231 и со 286 коњски сили, 3.0-литарски V6 TSI бензинец со 340 коњски сили, како и Plug-in хибрид верзија која користи 3.0-литарски V6 TSI, плус електромотор за вкупна системска моќност од 381 коњски сили. Сите овие мотори стандардно се опремени со 8-степен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.










