Официјално доделени признанијата Златно Тркало 2021 за Најпосакуван Автомобил

Вчеравечер на свечена церемонија официјално ги доделивме признанијата за Најпосакуваните Автомобили во Македонија!

Откако заврши гласањето и беа прогласени победниците во овогодинешното второ издание на Златно Тркало, на ред дојде и свеченото доделување на наградите. Овогодинешните победници во Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил – Златно Тркало 2021, вчеравечер ги добија своите статуетки, а на настанот присуствуваа ограничен број на гости, претставници на автомобилската индустрија во нашата земја.

Гласањето се одвиваше од 1 до 14 март и се избираше меѓу 12 автомобили во четири различни категории. На крајот, беа собрани вкупно 15.500 гласови. Настанот е во организација на Авто Плус, CarClub.mk, CarsbyVik и RPM.mk.

Во категоријата Најпосакуван Градски автомобил победи Peugeot 2008 со 36 проценти од вкупно 3.950 гласови.

Во категоријата Најпосакуван Семеен автомобил победи Škoda Octavia со 54 проценти од вкупно 3.620 гласови.

Во категоријата Најпосакуван Електрифициран автомобил победи Peugeot e-208 со 46 проценти од вкупно 3.500 гласови.

Додека Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија отиде кај Škoda Octavia со 22% од вкупно 4.260 гласови.

Честитки до сите победници и голема благодарност до сите учесници и до сите оние кои го дадоа својот глас.

Доколку го пропуштивте преносот во живо вчера, на следниот линк може да го погледнете целиот настан.

Галерија од настанот