Златно Тркало – Нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил

Златно Тркало е нов уникатен Избор за автомобил на годината кој наместо гласовите од неколку, на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители/ купувачи на автомобили.

Изборот е оформен на иницијатива на Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите, членуваат највлијателните автомобилски електронски медиуми кај нас: Авто Плус , Car Club, Cars by Vik и RPM.mk.

Како функционира

Членовите на Н.И.Н.А. формираат листа на нови автомобилски модели презентирани на Македонскиот пазар во период од 1ви март до 1ви март односно помеѓу две изложби на Салонот во Женева. Списокот ќе биде презентиран пред овластените увозници на нови возила на крајот на есента, а во взаемна комуникација, на истиот може да се најдат модели кои би пристигнале непосредно пред почетокот на гласањето. На листата за гласање ќе се најдат модели кои овластените импортери на нови автомобили ќе ги номинираат.

По прифаќањето на учеството, финалистите се распределуваат во 5 категории и тоа:

-Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2020 година,

-Најпосакуван Бизнис Автомобил во Македонија за 2020 година,

-Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за 2020 година,

-Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2020 година и

-Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за 2020 година(возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).

Доколку во годината се појават други карактеристични модели(спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку 3(три) од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.

На централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk ќе бидат поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел ќе стојат имињата и линковите на членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото. Значи секој поединечен модел ќе има минимум од еден пост, вест или клип од секој член-медиум каде публиката ќе може да се запознае со моделот и ги прочита мислењата од автомобилските новинари. Сите постови ќе бидат промовирани од секој медиум – член на Изборот во периодот пред и за време на гласањето.

На 15 февруари, ќе биде најавено и овозможено гласање на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk кое ќе трае до 28ми. Секако, повикот за гласање интензивно ќе биде промовиран/ рекламиран преку сите социјални мрежи и веб страници, а сите ВИЕ ќе имате можност(треба) да го дадете Вашиот глас за вашиот фаворит во сите 5 категории. Победниците ќе бидат објавени на 1ви март. На крајот на месецот Изборот ќе организира гала настан каде ќе бидат презентирани победниците и доделени престижните статуетки Златно Тркало. Следете ме бидејќи на 10 од Вас ќе доделам карти за гала настанот!

Очекувајте во месеците што следат да ве повикаме да се запознаете со финалистите на некои од нашите промо дружења, каде ќе можете да го дадете Вашето мислење и слушнете нашето.

Бидете со нас и нашите партнери…

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар