Започна гласањето за Златно Тркало 2020!

Гласањето за овогодинешниот Избор за Најпосакуван Автомобил- Златно Тркало е започнато!

Сите Вие може да гласате за вашиот фаворит, а се што треба да направите е да го посетите http://www.zlatnotrkalo.mk и таму да го дадете вашиот глас во сите пет категории!

Ние, организаторите подготвивме материјали за сите учесници со цел подобро да ги запознаете сите финалисти и да го дадете вашиот глас за возилото кое мислите дека највеќе заслужува.

Гласањето трае од 15ти до 28ми Февруари 2020 година, а победниците ќе бидат објавени на 1ви Март!
Исто така, 10 читатели ќе добијат влезници за гала доделувањето на признанијата!