Од 2020 година, сите Volvo модели во Европа ќе имаат можност да се предупредуваат меѓусебно за условите на патот и другите опасности користејќи ги системите Hazard Light Alert и Slippery Road Alert кои беа претставени пред неколку години и беа достапни на само неколку модели.
Hazard Light Alert е систем кој на време им кажува на другите возила во околината да пазат за опасност која ги следи. Исто така Slippery Road Alert ги собира читањата од сензорите на возилото и ги препраќа на другите.
Одма штом системот се активира, се испраќа предупредување до сите други поврзани возила кои се во близина, и со тоа, возачите ќе можат да бидат повеќе спремни. Volvo вели дека направиле истражување според кое сметаат дека: “прилагодување на брзината според сообраќајната ситуација драстично ќе го намали ризикот на сообраќајни несреќи.”
За жал, Volvo возилата нема да може да ги споделат информациите што ги знаат со други брендови на возила, освен со сопствените модели. Но тоа може да се смени, под услов другите компании да ја поддржат идејата на Volvo.
“Сопствениците на Volvo директно придонесуваат за патиштата да бидат безбедни за сите возачи на Volvo кои го имаат уклучено системот, а во исто време тие имаат и корист од раните предупредувања за опасности што ги следат.” изјавил Malin Ekholm, раководител на Volvo Cars Safety Centre.
“Што повеќе возила имаме што инстантно споделуваат податоци за условите, толку побезбедни стануваат патиштата. Се надеваме ќе воспоставиме повеќе соработки со партнери кои ја имаат истата посветеност за бесбедност како нас.




