Flagship моделите на Volvo- S90 и V90 добија освежување во новата 2020 година. Освежувањето се состои од суптилни промени на надворешниот изглед и додаток на 48 волтни mild-hybrid погони. Благодарение на ова емисиите на Co2, како и потрошувачката се намалени за 15%. Mild-hybrid погонот на Volvo е веќе достапен во XC90 и поседува можност за повраток на електричната енергија во батериите при активирање на сопирачките.
Сите стандардни мотори во овие два модели ќе ја добијат новата технологија со што веќе постоечките бензински мотори Т4, Т5 и Т6 ќе се преименуваат во В4, В5 и В6. За да се комплетира целата конфузија, Volvo најави дека и дизелските погони ќе ја добијат оваа mild-hybrid технологија и истите ќе бидат преименувани од D4 и D5 во В4 и В5 diesel.
Промените на надворешноста може да се забележат во предните браници, каде што се додадени нови светла за магла и на V90 има промени во задните стоп светла. Целото затегнување на надворешноста е надополнето со нова палета на бои и бандажи.
Во внатрешноста S90 и V90 ги добиваат high-end седиштата од волна кои веќе ги има во ХС90, но ќе биде достапна и веган опција која нема кожа. Патниците на задните седишта ќе можат да ги користат двете USB-C приклучоци за полнење на своите смартфони наместо досегашниот 12-волтен приклучок. Wireless полнење за мобилен телефон е исто новитет во внатрешноста.
Оние кои живеат во подрачја со поголема загаденост на воздухот (тука негде сме и ние), Volvo нуди Advanced Air Cleaner climate control кој првично е развиен за кинескиот пазар. Овој систем може да препознае штетни аеро честички во внатрешноста на автомобилот и да ги исфилтрира за неколку минути.
За сите аудиофили, Volvo нуди премиум Bowes & Wilkins аудио систем кој нуди noise cancelation технологија.

















