Во ReDrive, салонот на Maserati, пристигнаа два нови и многу интересни автомобили – станува збор за суперавтомобилот MC20 и новата генерација на GranTurismo.
Да почнеме од Maserati MC20 – конкретниот примерок кој е пристигнат е во 1 of 1 конфигурација, што го прави уште повеќе имресивен и уникатен! Maserati MC20 е модел кој воведе почеток на ново, многу интересно поглавје во историјата на оваа компанија. MC20 е првиот модел на марката со централно поставен мотор по легендарниот MC12. Овој автомобил го покажува технолошкиот развој на брендот и по долги години, дојде време за враќање на автомобил со централно поставен мотор.
Maserati MC20 е придвижуван од целосно нов 3.0-литарски V6 турбо-бензинец кој ја носи ознаката Nettuno. Во оваа верзија генерира вкупно 630 коњски сили и 729 Nm вртежен момент. Искуството на компанијата во Формула 1 беше искористено овде, што овозможи ефикасно зголемување на моќноста, а истовремено намалување на емисиите на CO2. Перформансите овде се неверојатни – она што некогаш беше резервирано за Ferrari Enzo сега оди во многу попопуларен и дефинитивно попристапен автомобил. Перформанси? – од место до 100 км/ч забрзува за луди 2,9 секунди и постигнува максимална брзина од 329 км/ч – ова е чистокрвен спортист!
MC20 е изграден на монокок шасија направена од карбон, која е развиен во соработка со Dallara. Оваа италијанска фабрика е позната по производство на уникатни тркачки автомобили и болиди.
Каков е првиот впечаток? Како прво, MC20 во живо е многу поголем отколку што очекував. На фотографиите некаде се губат димензиите, но во реалноста тоа е машина која по димензии не се разликува од конкурентите. Деликатните и нежни линии создаваат многу уредно дуо овде. Нема претерување со агресијата, нема прекомплицирана форма. Благодарение на ова, автомобилот навистина привлекува внимание и ќе им се допадне на широк спектар на потенцијални клиенти. Одлична стилска карактеристика е прозорецот што го покрива моторот, чии кроеви не се однесуваат само на логото на марката, туку и на спортските автомобили од 1980-тите.
Влегуваме внатре преку врата која се отвора нагоре. Ова не е само привлечно стилско решение, туку и елемент што го олеснува влегувањето во кабината. Патем, во ова прашање Maserati MC20 е апсолутно непоразен. Тука нема висок праг или голем простор за надминување. Всушност, веднаш зад работ на монокок шасијата има спортски bucket седишта подготвени од Sabelt. За да седнете зад воланот не се потребни акробации или статус на гумен човек.
Деталите играат уникатна улога овде. Трозабецот на металните педали изгледа неверојатно! Карбон елементи може да се видат насекаде. Елементите на каросеријата, внатрешните делови на вратите и кабината, па дури и просторот околу моторот изложуваат „гол“ карбон. Ова не е случајно – MC20 е наменет да го покаже својот спортски и „лесен“ карактер. Во исто време, овој пристап се однесува на мотоспортот и тркачката историја на марката.
Кабината на Maserati MC20 не пречекува со минимализам и одлични материјали. Впечатливата алкантара е комбинирана со кожа и други висококвалитетни материјали, пријатно опкружувајќи го возачот. Воланот можеби ви изгледа познат – тој е речиси идентичен со оној во Alfa Romeo Giulia и Stelvio. Има и копчиња на воланот, иако имаат малку поинаква функција. Зад воланот има две големи лопатки кои управуваат со менувачот. Тие се прикачени на управувачкиот столб така што секогаш се во совршена положба.
А сега одиме кон другиот нов автомобил, односно новата втора генерација на добро познатиот GranTurismo. Всушност, ова е и клучниот модел на брендот. Зошто? Ова е автомобил кој игра две улоги. Од една страна, добиваме луксузен GT со цврст и моќен V6 мотор под хаубата. Од друга страна, достапна е и целосно електрична варијанта, која покажува една од развојните насоки на Maserati.
Дизајнот на овој италијански бренд се развива, дизајнерите направија одлична работа со спојување на стилот од минатото со сосема новиот имиџ на брендот. Многу карактеристики тука се зачувани од претходната генерација. Пред сè, убавата странична линија и задниот дел силно се однесуваат на неговиот претходник. Карактеристични меки релјефи, три „доводи за воздух“ на браникот и тесните задни светла лесно ќе го привлечат окото.
Најголемата револуција се случи на предниот дел. Овде се појавија фарови инспирирани од моделот MC20. Тие беспрекорно се поврзуваат со линијата на хаубата, која е и елемент на крилата. Овде, хаубата го формира и горниот дел од крилата, што создава уникатен визуелен ефект. Замислете колку интересно изгледа моторот по отворањето на овој елемент.
Внатрешност е во новиот стил на брендот, а тоа значи речиси целосна дигитализација. Модерната кабина на Maserati GranTurismo е опремена со иновативни системи, вклучувајќи го и мултимедијалниот систем Maserati Intelligent Assistant (MIA), најновиот инфозабавен систем, уште еден дисплеј кој е наменет за контролите на климата, дигитален часовник, Heads-up Display и исклучителниот Sonus faber аудио систем.
Новиот GranTurismo под хаубата го има 3.0-литарскиот V6 од MC20. Во случајот на GranTurismo, достапни се две варијанти за избор. Послабата, верзијата Modena, нуди 490 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Во помоќната, верзијата Trofeo се добиваат 550 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Силата се испраќа на сите четири тркала, иако поголемиот дел од вртежниот момент стандардно оди на задниот дел. Во однос на перформансите, верзијата Modena до 100 км/ч забрзува за 3.9 секунди, додека кај верзијата Trofeo тоа време е скратено на 3.7 секунди. Максималната брзина е ограничена на 320 км/ч.
Електричната верзија Folgore на новиот GranTurismo е револуција. Ова е клучна верзија за Maserati – GranTurismo Folgore е наменет да ги убеди луѓето кои бараат електричен автомобил. Во исто време, тоа е и „билет“ за опстанок во време кога електрификацијата е принудена. Верзијата Folgore користи три електрични мотори и батерија од 92,8 kWh. Вкупната моќност достигнува 760 коњски сили, а вртежниот момент е апстрактни 1.350 Nm. Резултатот на ова е спринт до 100 км/ч за 2,7 секунди.
Верзиите со V6 мотор тежат речиси 1.800 килограми и имаат масовна распределба со сооднос од 52:48. Ова значи дека нивното однесување ќе биде навистина добро и привлечно. Нема да ве разочара ниту саундтракот обезбеден од Nettuno единицата.
За возврат, во варијантата Folgore се добива идеална распределба на тежината од 50:50. Автомобилот тежи 2.248 килограми, што не е лош резултат за електричен автомобил – иако се уште е далеку од идеален.
Maserati нагласува дека 65% од каросеријата и елементите на структурата се направени од алуминиум. Благодарение на ова, беше можно да се одржи помала тежина и соодветна структурна вкочанетост.
Двата автомобили се изложени во салонот на Maserati и може одблиску да се запознаете со овие прекрасни спортски модели!












































