Некои партнерства едноставно имаат смисла. Односот на Ducati со Lamborghini е еден од нив. Еден примерок од специјалниот и ултра лимитиран Panigale V4 Lamborghini пристигна во салонот на Ducati во Скопје.
Ова го отвора третото поглавје од партнерството помеѓу Ducati и Lamborghini, две компании од истиот регион и симболи на Италија, кои споделуваат вредности на софистицирана технологија, спортски дух и ексклузивност. Два иконски бренда ја претставуваат италијанската извонредност на глобално ниво, обете вкоренети во срцето на Motor Valley во регионот Емилија, каде што се спојуваат страста, генијалноста и експертизата, што резултира со уметнички дела на две и четири тркала, како што е новиот Ducati Panigale V4 Lamborghini. Оваа комбинација повторно ќе стане сон на секој ентузијаст на прв поглед, спојувајќи ја технологијата, перформансите и убавината.
Ducati Centro Stile ги здружи силите со дизајнерите на Lamborghini за да ги обликуваат аеродинамичните крила и задниот дел на Panigale по острите, агресивни линии на Revuelto. Дури и ковани тркала на моторот се совпаѓаат со моделот што се наоѓа на бандажите на Lamborghini. Стилот не беше единствената цел. Исто така и перформансите.
Титаниумски пригушувач го олеснува товарот. Спојте го хомологираниот slip-on со каросеријата од карбон на Panigale V4 Lamborghini и го добивате најлесниот Panigale V4 до сега, со тежина од 185 килограми. Тоа е скоро 2 килограми помалку од стандардниот Panigale V4 S.
Списокот на додатоци го заокружуваат седиштето специфично за моделот, тркачкото ветробранско стакло од плексиглас, dry clutch kit и други елементи. Темата 63, која се однесува на 1963 година, годината во која Феручо Ламборџини го основал брендот, се провлекува низ целиот проект. Ducati ќе произведе вкупно 630 примероци од Panigale V4 Lamborghini за 2026 година, а уште поексклузивен е Speciale Clienti, кој им овозможува на 63 одбрани клиенти на Lamborghini да го персонализираат својот Panigale V4 Lamborghini директно со Ducati Centro Stile.
Инспирацијата зад овој Panigale V4 е Revuelto, првиот хибриден супер спортски автомобил HPEV на Automobili Lamborghini, поставувајќи нов стандард за перформанси, вградена технологија и возбуда при возење. Апсолутното задоволство при возењето што се доживува зад воланот е значително зголемено со вкупните 1015 КС генерирани од погонскиот склоп, кој ја комбинира моќта на новиот V12 мотор со внатрешно согорување со три електрични мотори со висока густина и иновативен попречен менувач со двојна спојка. Revuelto нуди перформанси и возбуда при возење што не се видени досега.

Техничката основа за Panigale V4 Lamborghini е новиот V4 S, мотоцикл кој е особено напреден поради интегриран пристап избалансиран помеѓу аеродинамиката и дизајнот, исклучително ефикасна шасија и значајни електронски иновации како што се Ducati Vehicle Observer (DVO) и Race eCBS. Вкупната моќност на ова Panigale e 218.5 коњски сили при 13.500 вртежи во минута и 122.1 Nm вртежен момент. За забрзувањето од 0 до 100 км/ч нема официјални бројки, но би требало да е околу 2.5-2.6 секунди. А за уникатниот звук од моторот е задолжен Akrapovic.





















