Toyota го претстави новиот Yaris Cross

Ова е сосема новиот Toyota Yaris Cross, најмалиот SUV во гамата на Toyota.
Yaris Cross е вториот модел на брендот кој ја користи најмалата верзија на Toyota New Global Architecture (TNGA) платформата. Уште поважно е тоа што Yaris Cross ќе биде достапен со хибридна погонска технологија уште од своето лансирање, а позициониран е помеѓу C-HR и големиот RAV4.
Името на новиот модел сугерира дека е член на семејството Yaris, инспириран од поголемите SUV модели на Toyota, но со сосема различен и свеж дизајн.

Предната решетка и фаровите се комплетно различни од другите модели на Toyota, додека страничните делови се остри и динамични линии. Задниот дел е робустен и изгледа доста интересно, особено дизајнот на задните LED светла. Toyota сeуште не ја потврди големината на багажникот, но сo сигурност багажниот простор ќе биде поголем и попрактичен од стандардниот Yaris.

Ентериерот на Yaris Cross во споредба со стандардниот Yaris е сличен, но добива некои нови дизајнерски детали. Нов е воланот, нова е и дигиталната инструмент табла, како и големиот централен infotainment дисплеј. Променет е и долниот дел од централната конзола кој нуди малку повеќе простор за складирање на работи. Иако автомобилот е 200мм пократок од C-HR, Toyota тврди дека седењето на задните седишта во Yaris Cross е поудобно и попросторно.

Додека дизајнот е комплетно различен, погонот што го користи Yaris Cross е ист како тој во стандардниот Yaris. Станува збор за хибриден систем кој користи 1,5-литарски трицилиндричен бензински мотор кој исто така ја полни и батеријата што го напојува електричниот мотор на автомобилот. Во Yaris, овој мотор е спарен со нова литиум-јонска батерија, која е полесна од старите батерии кои се користени во претходната генерација на Yaris Hybrid. Силата се пренесува преку CVT менувач, а вкупната системска моќност е 115 коњски сили.

Toyota ветува ниска економичност на гориво и ниски СО2 емисии за овој нов погон. Според WLTP, верзиите со погон на предните тркала треба да имаат CO2 емисии кој ќе бидат под 120г/км , додека за верзиите опремени со AWD-i системот, што е погон на сите четири тркала се очекува CO2 емисиите да бидат под 135г/км. Кај верзиите опремени со погон на сите четири тркала практичноста не е воопшто намалена, а исто така добиваат и пософистицирана суспензија на задниот дел. Сеуште не се потврдени други детали за моторизацијата, но новиот Yaris Cross нaјверојатно ќе биде достапен и со конвенционални бензински погони и мануелен менувач.