Специјална лимитирана серија на BMW M2 Competition

Ви се допаѓа BMW M2? Која ви е омилена боја? – мене Long Beach Blue! Меѓутоа сега има еден мал проблем, почнав да се двоумам…BMW во соработка со американскиот графити уметник FUTURA 2000 го создадоа уникатниот M2 Competition кој изгледа предобро!

Ова BMW наликува на бура од хорор филмовите. Преовладува црната боја која ја разбиваат бели линии налик грмотевици. За да се долови целата ноќна хорор сцена, грмотевиците се надополнети со сечива од циркуларна пила. Морам да признаам дека ова е еден од ретките хорор сцени во кои би уживал да сум вклучен.

Најдобрата вест? Лимитираната верзија од овој автомобил ќе биде достапна за купувачите насловена како “BMW M2 Edition designet by FUTURA 2000”. Внатрешноста има детали кои го следат дизајнот на надворешноста, специјални седишта и волан “облечен” во алкантара. Црните бандажи се јагодата на шлагот.

Ви се допаѓа оваа верзија на M2?- Побрзајте, има само 500 примероци!