SEAT ја претстави освежената верзија на Ateca

SEAT го освежува успешниот SUV – Ateca со воведувањето на производната верзија за 2020 година. Преработеното возило ќе се заснова на своите компактни SUV атрибути, додавајќи освежен и поемотивен изглед како внатре, така и надвор, целосно поврзано корисничко искуство, подобрено ниво на безбедност и удобност и зголемена ефикасност.

„SEAT Ateca стана едно од поуспешните возила на шпанскиот бренд, продавајќи повеќе од 300.000 единици од нејзиното претставување во 2016 година. Новата SEAT Ateca е еволуција на оригиналниот производ и има за цел да го продолжи својот успех преку консолидирање на позиција во еден од најважните сегменти на пазарот“, рече Карстен Исензе, претседател на SEAT и потпретседател за финансии и IT.

Промените на надворешниот дизајн во однос на претходниот модел  вклучуваат ревидирана решетка за ладилникот, нови LED предни светла и редизајнирани светла за магла. Предниот браник е комплетно нов и има нов дизајн на отворите за воздух. Додадени се и новите линии на хаубата кој ги имаат и новиот Leon и Tarraco, воспоставувајќи дополнителна визуелна врска помеѓу овие модели. На задниот дел, има нов браник, нов спојлер, како и нови LED светла. Светлата имаат сличен дизајн како оние на Tarraco и Ateca сега добива динамички трепкачи. На вратата од багажникот името е Ateca сега е напишано со новиот фонт на SEAT кој за прв пат го видовме на новиот Leon.

Во внатрешноста, новата Ateca добива нов кожен управувач(истиот од новиот Leon), избор на нови дизајни за седиштата. Пред возачот е поставена нова 10.25-инчна дигитална инструмент табла, а на централната конзола се ноаѓа нов infotainment систем со 8.25 или 9.2-инчен дисплеј.

Ateca и понатаму е достапна со добро познатите TSI и TDI мотори – кај бензинците понудата започнува со 1.0-литарскиот TSI кој е достапен во две верзии, со 110 коњски сили и со 115 коњски сили. Следен е 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили, а на врвот на понудата е 2.0-литарскиот TSI со 190 коњски сили. Кај дизелите достапен е само 2.0-литарски TDI мотор во две верзии – 115 и 150 коњски сили. Појаките мотори стандардно се опремени со 7-степен DSG автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Новата Ateca добива и неколку нови безбедносни системи како што се – front assist, side assist, exit assist и pre-crash assist систем.

Кога за прв пат беше лансирана, SEAT Ateca донесе нова димензија на компактниот SUV пазар; совршена за градскиот живот, нудејќи простран, практичен и разноврстен теренец со уникатен стил.

SEAT Ateca е дизајниран и развиен во Барселона, а се произведува во Квасини (Чешка), додавајќи дополнителен импулс во составот на SUV понудата на брендот – сегмент на возила што е суштински важен за континуираниот успех на SEAT.

Од воведувањето во 2016 година, продадени се повеќе од 300.000 SEAT Ateca возила, што претставува огромно достигнување за компактниот теренец.

More Stories
„Направи пауза и погрижи се за своето возило„ е новата повикувачка акција од страна на Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot