SEAT Leon

SEAT изјави дека инвестирале повеќе од 1.1 милијарди евра за развој на нови и понапредни технологии, динамичност, eye-catching дизајн и поефикасни мотори. Земајќи во предвид дека Leon е носечкиот столб во SEAT со продадени над 2.2 милиони примероци, може да се каже дека новиот модел е од исклучителна важност за компанијата.

Новиот SEAT Leon е дизајниран, развиен и произведен во Барселона. Платформата на која лежи овој автомобил е напредната MQB Evo која им дозволи на дизајнерите да си поиграат со пропорциите и финалниот дизајн. Во споредба со својот претходник, новиот Leon е 86мм подолг, 3мм понизок и ширината е намалена за 16мм. Додека меѓуоскиното растојание е 50мм поголемо.

Предниот дел на новиот Leon заликува на веќе постоечкиот Tarraco, следејќи го новиот дизајнерски јазик на SEAT. Што значи тоа? – Значи дека има потесни и поостри фарови и поголема вертикално поставена  решетка која е поставена пониско во споредба со претходникот. Задниот дел е сега препознатлив по LED light-bar кој ги спојува двете штоп светла, надополнет со редизајниран спојлер на багажникот. LED светлата не застануваат само на задниот дел. Тие се инкорпорирани и во фаровите, ретровизорите, но најголемата промена е во внатрешноста каде што се протега една гооолема LED амбиент лента почнувајќи од едната предна врата, оди преку целата шал табла и завршува на крајот од другата предна врата (за жал и овој пат нема LED лента на задните врати).

Внатрешноста на овој автомобил претставува спој на функционалност и минимализам. Целата кабина е дизајнирана да биде ергономско прецизна, со што се зголемува комфорот на патниците, без разлика дали сте на возачкото или некое од останатите седишта. На централната конзола се наоѓа 10-инчен infotainment екран со 3D навигациски систем кој исто така препознава одредени гестови со рацете, со што се намалува потребата од додатни непотребни физички копчиња. Стандардните функции и понатаму ќе се обавуваат на традиционалниот начин – со притискање на копче. Возачот ќе ужива во погледот на дигиталната инструмент табла со подобрена резолуција од претходникот.

Новиот Leon е исто така многу важен автомобил и за целата електрификација која се најавува од страна на SEAT. Веќе е потврдена plug-in hybrid варијанта која ќе се појави подоцна оваа година и која најверојатно ќе го носи 1.4 литарскиот погон, 13kWh литиум-јонска батерија и 6-степен DSG автоматски менувач. Вкупната системска моќ ќе изнесува 204 коњски сили, а само на електричен погон ќе може да помине до 60 километри. Останатите мотори во понудата се бензински (TSI), дизел (TDI), и mild-hybrid (eTSI). Бензинските мотори ќе имаат од 90 до 190 коњски сили, дизелските агрегати ќе имаат моќност од 115 до 150 коњски сили, додека mild-hybrid технологијата ќе понуди агрегати со моќност од 110 до 150 коњски сили).

Безбедноста е во срцето на новиот SEAT Leon. Интегрирани се сите најнови и најнапредни системи за помош на возачот, кои вклучуваат- predictive adaptive cruise control, emergency assist и travel assist. Благодарение на овие системи, новиот Leon е најбезбедниот автомобил што брендот го има направено до сега. Со комплетно новата динамичка контрола на шасијата(DCC), возењето и управувањето на возилото можат да се променат во зависност од условите и барањата на возачот, со што возилото ќе биде многу поудобно и поспортско. Технологијата за адаптивна шасија постојано ги чита условите на патот, истовремено земајќи ги во предвид маневрирањата на воланот, сопирањето и забрзувањето, за да ја прилагоди суспензијата, оптимизирајќи ја амортизацијата на секое тркало за да се обезбеди што подобра удобност и динамика.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар