Како и моделот X3, така и неговиот брат X4 – купе изведбата на популарниот SUV на BMW доби освежување. А новиот модел е веќе достапен во салонот на BMW во Скопје.
Слично како и кај X3, надворешни промени на X4 вклучуваат нов преден браник со нови потенки LED фарови, достапни опционално со LaserLight технологијата на BMW. Предната решетка сега добива малку поголеми бубрези и редизајниран долен дел со поаголни отвори и вертикални отвори за воздух. Задниот дел нема некои многу значајни промени во споредба со претходно, туку добива нов дифузер со вистински двојни издувни цевки, редизајнирани LED светла со нова графика. Исто така, X4 добива и специјална боја која се вика „Piedmont Red“.
Во внатрешноста, променета е централната конзола и добива сличен изглед на оној во новата серија 4. Пред возачот се наоѓа целосно дигитален инструмент кластер со дисплеј од 12.3-инчи, додека на горниот дел од централната конзола поставен е нов 12.3-инчен дисплеј за инфо-забавниот систем. BMW, исто така, направи и промени во распоредот на физичките копчиња, со што клучните функции како што е копчето за Start/Stop сега се поставени веднаш до менувачот на централната конзола.
За разлика од X3, изборот на мотори кај X4 е малку поограничен. Кај бензинците достапен е 2.0-литарски мотор во две различни верзии – првата испорачува 184 коњски сили и 300 Nm вртежен момент (ознака 20i), додека втората верзија испорачува 252 коњски сили и 350 Nm вртежен момент (ознака 30i). Кај дизелите достапни се два мотори – првиот е 2.0-литарски со 190 коњски сили (ознака 20d), а вториот е 3.0-литарски со 286 коњски сили (ознака 30d).
Достапни се и спортските верзии X4 M40i со 360 коњски сили, X4 M40d со 340 коњски сили и на врвот на понудата се X4 M и X4 M Competition со 480, односно 510 коњски сили.
Сите верзии стандардно се опремени со xDrive погон на сите четири тркала и 8-степен автоматски менувач.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на BMW M Car.















