Претставени новите Porsche 718 Cayman GT4 и Boxster Spyder!

Кога Porsche Boxster и Cayman станаа 718 Boxster и 718 Cayman во 2016 година, нивните атмосферски мотори со шест цилиндри беа заменети со четири-цилиндарски турбо мотори. Но, Porsche Motorsport, компанијата одговорна за 911 GT3 и слично, е посветена на атмосферски шест-цилиндарски мотори. Тоа е причината зошто 2020 718 Cayman GT4 и Boxster Spyder добиваат нов 4,0-литарски шест-цилиндарски атмосферски мотор кој има 414 коњски сили и 420Nm вртежен момент, а ‘redline’ е на 8000 вртежи во минута. Сега за сега, достапни се само со шест-степен мануелен менувач. Двата модели од 0 до 100 км/ч забрзуваат за 4.4 секунди, а максималната брзина на GT4 изнесува 304 км/ч, додека Boxster Spyder постигнува максимална брзина од 301 км/ч.

Овие модели денеска го имаат своето деби како наследници на доста саканиот Cayman GT4 и Boxster Spyder од 2015 година. За разлика од претходно, Boxster Spyder сега е целосен производ на Porsche Motorsport, што значи дека ја дели својата шасија со GT4.

И покрај фактот дека 4,0-литарскиот мотор го дели со 911 GT3, GT3 RS и Speedster, новиот мотор во 718 моделите не е ист…моторот е многу сличен со новиот 3.0-литарски кој го имаат новите 911 Carrera модели, само што е без турбо-полначи. Во секој случај, овој нов мотор добива нови ковани клипови, piezo инџектори за гориво и нов алуминиумски систем за воздух. Исто така, моторот е со една пумпа за масло која е дизајнирана да го спречи недостигот на масло кога возите со висока брзина во свиоци.

Шасијата на овие автомобили е многу слична како и на стариот GT4 модел, но со нов хардвер. Предната оска доаѓа директно од 991.2 GT3 додека задната оска е уникатна за GT4 и Boxster Spyder. Адаптивна суспензија и мануално прилагодливи anti-roll bars доаѓаат како стандард. Добиваат и ново дизајнирани 20-инчни бандажи, а на овие слики имаат Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, но би требало да бидат достапни и со Dunlop гуми. Големината на сопирачките е зголемена со нови ротори и шепи слични на оние што се користат кај 911 GT3. Карбонски сопирачки кои се за 50 проценти полесни од стандардните се исто така достапни, но како опција.

И Cayman и Boxster добиваат нов дифузер со интегрирани двојни издувни цевки. GT4 добива фиксен,мануелно прилагодлив заден спојлер, додека Boxster Spyder има електричен заден спојлер. Со сите овие промени, новиот 718 Cayman GT4 е 10 секунди побрз на Nürburgring Nordschleife патеката во споредба со неговиот претходник.
За разлика од претходно, производството за овие автомобили нема да биде ограничено, нарачките се веќе отворени, а испораките на возилата би требало да бидат во пролет 2020 година.

More Stories
Патуваме со Škoda Scala, Octavia и Kodiaq