MINI Clubman JCW & MINI Countryman JCW

MINI ги претстави новите верзии на John Cooper Works Clubman и кросоверот John Cooper Works Countryman. Двата модели добиваат комплетно преработен мотор, сосема нов менувач и променет надворешен и внатрешен дизајн.

Под хаубата на двата модели е нов 2.0-литарски четирицилиндричен бензински мотор, како што имаше и претходно, но сега е малку променет и е ист како во BMW X2 M35i, а исто така овој ист мотор ќе се користи и за новиот BMW M135i.
Mоќноста на моторот е зголемена за 75 коњски сили и сега има 305 коњски сили и 450Nm вртежен момент.Двата модели го имаат MINI ALL4 системот што е погон на сите четири тркала и доаѓаат со нов автоматски менувач со осум брзини.
JCW Clubman до 100 км/ч забрзува за 4.9 секунди, додека JCW Countryman за 5.1 секунди-максималната брзина кај двата модели е лимитирана на 250 км/ч.

Исто така, новите модели добиваат и нов спортски издувен систем со двојни цевки, нова суспензија, нови кочници, како и некои промени на шасијата, а Countryman е за 10мм понизок од претходниот модел.Како опција сега достапна е и адаптивна суспензија.
Дел од стандардната опрема која ја добивате во двата модели вклучува: John Cooper Works спортски седишта, 18-инчни алуминиумски бандажи, LED предни и задни светла, 6.5-инчен дисплеј за infotainment системот заедно со вграден навигациски систем, задни паркинг сензори, задна паркинг камера, греење на предни седишта итн…

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар