Претставен новиот Audi S8

Audi ја претстави спортската избедба на нивниот ‘flagship’ супер седан- моделот S8.
S8 го одбегнува дизел моторот од SQ7 и добива 4.0-литарски V8 твин-турбо бензински мотор со 48-волти mild hybrid технологија и quattro погон на сите тркала. Податоците за перформансите на возилото сеуште не се објавени, но со оглед на тоа што овој мотор располага со 570 коњски сили и 800Nm вртежен момент, се очекува забрзувањето од 0 до 100 км/ч да трае околу 4 секунди.

Визуелно, S8 се разликува од другите нормални A8 модели со тоа што има поагресивни браници, прагови и четири издувни цевки. Како и кај новите S6 и S7, купувачите можат да одберат ‘Black styling pack’, кој сите хромирани детали ги менува во црни. Секоја верзија на S8 добива нова суспензија која според Audi е наречена ‘predictive active suspension’, оваа суспензија управува со секое тркало поединечно за подобрен комфор и подобра стабилност при возење. Постојат пет режими на возење, вклучувајќи го и новиот Comfort + режим, кој го намалува навалувањето во кривини. Управувањето со сите тркала дополнително ја подобрува контролата на возилото, го намалува кругот на вртење на мали брзини и ја подобрува стабилноста при крстарење. Ова исто така го добивате во стандардната опрема на сите S8 модели, а како опција достапни се и карбон керамички кочници.

Во ентериерот, S8 е многу сличен како и другите А8 модели, но има некои мали визуелни промени. Стандардно доаѓа со електрично прилагодливи кожни седишта кои имаат греење и ладење. Добро познатиот MMI infotainment систем со два екрани, кој сега е интегриран со гласовниот асистент на Amazon- Alexa. На виртуелниот кокпит добивате и специјален S-performance мод каде што може да гледате битни информации за перформансите и моторот.