Конечно! По долго чекање, дојде време за премиера на автомобил кој многумина го чекаа. Новиот Audi A5 2025 е тука. Еве сè што треба да знаете.
Ова беше една од најдолго одложуваните премиери. Новиот Audi A5 дебитира на пазарот речиси една деценија по премиерата на неговите претходници. Пазарот мораше да чека долго време, но се покажува дека вредело. Брендот од Инголштад вложи труд и создаде „два во едно“ во најдобар случај.
Зошто „два во едно“? – Audi ја менува својата стратегија и модели па затоа овој нов А5 техничко го заменува А4. Според новата номенклатура на брендот, на автомобилите со внатрешно согорување им се доделуваат непарни броеви, а на електричните автомобили парни. Така, под едно име се крие наследникот на популарните A4 и A5 Sportback, како и практичен караван.
Љубителите на купе и кабриолет за жал немаат причина за славење. Вакви верзии на каросеријата повеќе нема да видиме. Уште повеќе, класичната лимузина нема да биде во понудата на овој модел. Во овој случај, сепак, тоа може да биде добар потег.
Што го издвојува овој модел? Пред се, стајлингот, кој истовремено е типичен за брендот, но има и многу свежина. Овде можете да ја видите еволуцијата на дизајнот што беше присутен во сегашната генерација на моделите А4 и А5. Сепак, овие карактеристични линии добија поголема „динамика“ и изгледаат многу попривлечно. Вреди да се обрне внимание на страничната линија, каде што браниците се уредно нагласени. Друг интересен детал се рачките на вратите скриени во линијата на каросеријата. Ова е единствениот модел меѓу претстојните новитети кој е опремен со ваков гаџет.
Задниот дел ги реинтерпретира идеите на Audi од другите модели. Има LED лента и еден куп втиснување, и целата работа изгледа многу добро. Така, можеме слободно да кажеме дека во поглед на дизајнот, брендо ќе ги задоволи своите клиенти.
А како изгледа новиот А5 внатре? И тука нема големо изненадување. Моделот Q6 E-Tron го отвори патот и го покажа правецот во кој се движи марката. Значи тука го имаме истото. Возачот е опкружен со два екрани, од кои едниот е закривен – одговорен за мултимедија. На совозачката страна, како опција се појавува трет дисплеј. Самиот дизајн на контролната табла е едноставен, пријателски и навистина успешен.
Новата генерација на А5 порасна. Тој е подолг за 67 мм од неговиот претходник, со должина од 4.829 мм. Меѓуоскиното растојание исто така порасна за 8 сантиметри. Сега е 2.900 мм, што би требало да значи значително повеќе простор во задниот дел.
Какви мотори ќе најдеме во Audi A5 за 2025 година? Овде имаме добри вести – има бензински, plug-in хибриди, а исто така и дизел. Уште повеќе, на пазарот нема да му недостига Audi S5, кој сега има 367 коњски сили од 3.0-литарски V6 мотор. Ова е благ хибриден мотор кој ќе овозможи маневрирање и паркирање во електричен режим.
Палетата на бензински мотори започнува со семејството 2.0 TFSI. Овде ги добиваме следните варијанти, најчесто со MHEV системот – 2.0 TFSI со 150 КС, 2.0 TFSI со 204 КС и Quattro погон и 2.0 TFSI со 272 КС и Quattro погон.
Понудата на дизелот не е голема, но треба да ги задоволи клиентите на марката. Достапни се две верзии – 2.0 TDI и 2.0 TDI Quattro Ultra. И двата имаат 204 КС и се вели дека се значително поекономични (0,4 l/100 km, благодарение на системот MHEV).
Нема да добиете „мануал“ со ниту еден од моторите – секое Audi A5 ќе има седумстепен DSG менувач.
Плаг-ин хибридите се претпоставува дека се силна страна на овој автомобил. Германците комбинираа 2.0 TFSI мотор со електрична единица. Ќе бидат достапни две варијанти – 2.0 TFSIe со 299 КС и 2.0 TFSIe со 367 КС. Секој од нив ќе може да помине и до 100 километри без користење на моторот со согорување.
Дополнително, новиот А5 ќе добие нов систем за векторирање на вртежниот момент, а како опција ќе се појави и адаптивна суспензија. Верзиите Quattro имаат модифициран диференцијал и треба значително да ја подобрат агилноста на автомобилот во споредба со B9 генерацијата.
Кога ќе се појави новиот A5 во салоните? Според информациите од печатот, автомобилот треба да се појави кај дилерите во ноември оваа година. Цените ќе бидат објавени поблиску до тој датум, но се очекува Audi A5 со бензински мотор од 150 КС во Германија да почнува од 45.200 евра. Доплатата за моделот Avant ќе изнесува 1.000 евра.


































