Премиера – Fiat Topolino нуди електрична урбана мобилност со вкус на „Dolce Vita“

Fiat ја продолжува својата мисија да развие одржлива мобилност за градовите и да ги претвори во релаксирачки места каде возењето станува лесно и достапно за сите. Таквата цел станува реалност благодарение на новиот Fiat Topolino, уникатен и кул нов електричен автомобил за сите, за семејствата, па дури и за најмладите, бидејќи минималната возраст за возење – во зависност од пазарот – е 14 години.

Topolino е идеално решение за урбана мобилност, со можност за пристап до каде било благодарение на неговата електрична природа. Во знак на почит кон историјата на брендот и неговата способност да иновира со допадливост и свежина, тој совршено го отелотворува стилот на New Dolce Vita и чистата италијанска убавина. 

Мисијата на Fiat е да продолжи да нуди револуционерни продукти за урбана мобилност, но, во денешното сценарио, со поинаков и посвеж начин. Со Topolino, брендот значително придонесува за урбаната одржлива мобилност, правејќи значаен чекор кон радосна комплетна електрификација. Fiat Topolino ќе ги натера младите повторно да се заљубат во „автомобил“, фасцинирајќи го Gen Z, млада публика која има големо внимание на темите за одржливост со висока чувствителност и желба за еколошко решение за возење и транспорт. Topolino, исто така, го претставува сонот на четири тркала на љубителите на Ривиера, како совршено возило за доживување на италијанското лето на тесните патишта на италијанското прекрасно крајбрежје. 

Поставата на Topolino се состои од две различни каросерии, една затворена и една отворена, и двете конзистентни во нивните структурни карактеристики: една боја – Verde Vita и еден естетски пристап за внатрешноста. Благодарение на неговата екстремно мала големина во споредба со нормален автомобил (должината изнесува 2,53 метри), леснотијата на управување и сигурната максимална брзина од 45 км/ч, Topolino повторно ја разгорува желбата да се патува по патиштата без стрес. Двата модели се одликуваат со батерија од 5,4 kWh која нуди домет до 75 километри и помалку од четири часа време за целосно полнење. 

Сега за сега, новиот Fiat Topolino е достапен само во Италија, понатаму ќе биде достапен и во другите Европски земји. Цената во Италија започнува од 9890 евра, а првите испораки на клиентите ќе бидат во Ноември оваа година. Дали Topolino ќе биде достапен и во Македонија? – во моментов нема никакви информации за тоа, но со оглед на тоа што „братскиот“ модел Citroen Ami се уште не е достапен, претпоставувам дека истата приказна ќе биде и за Topolino…