Премиера – BMW го претстави новиот X2 и целосно електричниот iX2

BMW ја претстави целосно новата втора генерација на моделот X2, а истовремено дебитира и целосно електрична верзија наречена iX2.  Овој модел има познато име, но воопшто не изгледа како неговиот претходник. Германската марка има амбициозни планови и сака да го освои сегментот на компактни кросовери. Дали овој модел ќе им помогне во тоа?

Компактните теренци станаа многу важни за компаниите од премиум сегментот. Овие автомобили играат уникатна улога бидејќи се повеќе се „влезна точка“ за многу клиенти. Новиот BMW X2 за некои ќе биде одличен почеток на љубовна врска со овој бренд. Во Минхен е користен докажан рецепт, за прв пат во „најмала“ големина.

Скалирањето е во полн ек – иако овде се покажа исклучително добро. Проектот што создаде цел автомобилски сегмент, BMW X6, веројатно никогаш нема да стане минато. Прво, идејата на BMW беше забележана од конкуренцијата, а сега самата компанија од Минхен ефективно го „скалира“ дизајнот и го прилагодува на другите модели.

Во оваа група, BMW X2 се издвојува од толпата. Компактниот теренец е многу поаголен од неговите поголеми браќа, што се однесува не само на X1, туку и на спортските модели од семејството М. Парадоксално, овде можете да ја видите инспирацијата од новиот BMW XM, особено во предните, задните и прозорските линии.

Да се каже дека ова е автомобил со смел изглед е потценување. Има многу привлечни детали во X2. Ова мноштво можеби е заморно за некого, но од друга страна тоа е она што многу луѓе го очекуваат сега. Дефинитивно вреди да се обрне внимание на обликот на предните и задните светла. Може да очекувате слични идеи да се појават кај новиот BMW X3, а подоцна и кај X4. Лично, не сум голем фан на задниот дизајн на овој автомобил, во последниве неколку години BMW претставија модели со навистина чуден и несекојдневен дизајн, но новиот X2 според мене е најчудниот модел до сега. 

Ова е голем автомобил – особено во споредба со неговиот претходник. Новиот X2 е 4.554 мм дол, 1.844 мм широк и 1.590 мм висок. Меѓуоскиното растојание е долго 2692 мм. Затоа, она што го добиваме овде не е само автомобил кој е речиси 20 сантиметри подолг од неговиот претходник. Дури и во споредба со BMW X1, тој доби дури 6,6 сантиметри.

Интересно, ова имаше мало влијание врз тежината на автомобилот. Новиот X2 тежи во просек околу 40 килограми повеќе од моделот X1, без разлика на верзијата.

Внатрешноста беше пренесена од BMW X1, но има неколку нови карактеристики. Самиот дизајн на кокпитот не е променет, што е плус (и има еден минус). Едноставниот дизајн со два големи екрани остава добар впечаток, но iDrive тркалцето постојано недостасува. BMW ги отстранува во најмалите автомобили, што нема да им се допадне на сите. Новиот производ што го споменувам е BMW Operating System 9. Новиот мултимедијален софтвер малку го менува распоредот на менито и теоретски ја поедноставува работата.

Првично, ќе бидат достапни три погонски единици. Понудата ќе се отвори со верзијата X2 sDrive20i, тука добиваме погон на предните тркала и трицилиндричен 1.5-литарски бензински мотор со 170 коњски сили. Скокот ќе биде голем овде, бидејќи следната бензинска верзија во понудата е моделот M35i, кој нуди xDrive систем, 300 коњски сили и спортско возачко искуство.

Во понудата е и верзијата X2 sDrive18d, 2.0-литарски дизел со 150 коњски сили. Оваа верзија ќе им се допадне на штедливите возачи кои го ценат долгиот дострел.

Новиот теренец од марката од Минхен ќе има и целосно електрична верзија уште од самиот почеток. BMW iX2 има неколку уникатни моменти и ефикасна погонска спрега. Електрификацијата е од големо значење за BMW, но Германците му пристапуваат на малку поинаков начин. Во Минхен беше одлучено дека сите погони треба да се развиваат паралелно. Благодарение на ова, имаме широк асортиман на погонски варијанти во еден автомобил. BMW iX2 е електрична алтернатива на моторите со внатрешно согорување во овој модел. 

Што ќе добиеме во овој автомобил? Спецификациите на погонот во iX2 не се тајна. BMW избра докажано решение од iX1. Така, добиваме 313 коњски сили и 494 Nm вртежен момент, генерирани од два електромотори – по еден на секоја оска. Спринтот до 100 км/ч трае 5,6 секунди, а максималната брзина е 180 км/ч – електронски ограничена.

Енергијата се складира во батерија со капацитет од 64,8 kWh. Досегот според стандардот WLTP е 419-447 километри со едно полнење. Ова е доста добар резултат што ќе им угоди на многу луѓе.

Надополнувањето на струјата во батеријата на BMW iX2 исто така нема да биде проблематично. Тука може да се изврши полнење со наизменична струја со моќност до 22 kW. Тогаш батеријата ќе се наполни целосно за 3 часа и 45 минути. Со послаб приклучок од 11 kW ќе ни требаат 6,5 часа.

Брзото полнење со еднонасочна струја (DC) се одвива со моќност од 130 kW. Овде можеме да „полниме гориво“ од 20 до 80% за 29 минути. Тоа значи дека нема да има проблем на патот – особено ако возиме по пат каде што има многу брзи полначи.

BMW iX2 xDrive30 малку се разликува по изглед од верзиите со класичен мотор со внатрешно согорување. Се случија дискретни промени во обликот на предниот и задниот браник, како и во формата на предната маска. Токму овие мали разлики ќе ви овозможат да го препознаете овој автомобил на улица. 

BMW iX2 ќе доаѓа од истата фабрика како и  класичниот X2. Двата модели ќе започнат со една производна линија во фабриката во Регенсбург, Германија. Електричната верзија на овој автомобил ќе се појави на пазарот истовремено со верзиите со мотор со внатрешно согорување – првите испораки би требало да пристигнат на пазарот во март 2024 година.