Porsche Club Македонија заедно со АМСМ и МВР организираа настан „Drive Smart–Drive Safe“ – нов стандард за безбедно групно возење

Порше Клуб Македонија заедно со АМСМ, како единствена мобилити членка на FIA (Светската автомобилистичка федерација) и во соработка со Министерството за внатрешни работи, на 07 април 2026 година организираa едукативниот настан „Drive Smart – Drive Safe“, посветен на безбедното управување на спортски автомобили при групно возење, и правила за организирање на групни автомобилски настани.

Овој настан претставува значаен чекор кон подигнување на стандардите за организација и реализација на автомобилски настани во земјата, особено во ситуации каде повеќе возила учествуваат во организирано движење низ градски услови, но и услови на возење на автопат.

Во рамките на програмата, учесниците имаа можност да се запознаат со:

▪ основни и напредни правила за движење во колона

▪ комуникација и координација помеѓу возачите

▪ безбедносни протоколи при групно и парадно возење

▪ препораки од институции и експерти за намалување на ризиците во сообраќајот

Преку оваа иницијатива, Порше Клуб Македонија ја потврдува својата посветеност не само кон автомобилската култура и заедницата, туку и кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Соработката со АМСМ, како дел од FIA, и Министерството за внатрешни работи, дополнително ја нагласува важноста на институционалната поддршка во едукацијата и подигнувањето на јавната свест за безбедноста на патиштата.

„Drive Smart – Drive Safe“ е дел од годишната програма на клубот и претставува еден од клучните настани во насока на професионализација и унапредување на клубските активности.