Втората генерација на Evoque е најновиот модел во гамата Range Rover, a поставен e на најновата платформа на Land Rover(Premium Transverse Architecture).
Evoque е доста успешен модел за Land Rover уште од своето прво претставување, па затоа решиле да не превземаат ризик и да направат преголеми измени на надворешниот дизајн. За ентериерот не важи истото бидејќи е целосно сменет и внатре е како мини-Velar. Многу делови во ентериерот ги дели со моделот Velar, што е одлично бидејќи изгледа перфектно и многу high-tech. Новиот Evoque е за 1мм подолг и 11мм понизок во споредба со претходниот модел. Достапен е со добро познатите четири цилиндарски бензински мотори, како и “Ingenium” дизел моторите.
Започнува со 2.0-литарски дизел мотор со 150 коњски сили, додека најмоќниот мотор е 2.0-литарски турбо-бензинец со 300 коњски сили. Сите модели стандардно се опремени со 9-степен ZF автоматски менувач и погон на сите тркала.

















