Како што веќе знаете, Златно Тркало е нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил, во кој како организатори сме јас(CarsbyVik), Авто Плус, CarClub и Rpm.mk. Во изминатите неколку седмици сите Ние ви ги презентиравме финалистите преку тестови и постови на социјалните мрежи, а Вие гласавте за вашиот фаворит во сите пет категории. Изборот оваа година е во соработка со Pneumatik, S-Leasing и EXIDE.
Гласањето за Златно Тркало заврши на 28ми Февруари и имаше повеќе од 13.000 гласови!- Па така, со гордост можеме да ви ги претставиме победниците!
Ова се победниците по категории, кои добија најмногу гласови од Вас:
-Најпосакуван Градски Автомобил
Volkswagen T-Cross со 37.43% од гласовите
-Најпосакуван Бизнис Автомобил
SEAT Tarraco со 45,60% од гласовите
-Најпосакуван Семеен Автомобил
Hyundai Elantra со 69.99% од гласовите
-Најпосакуван Електрифициран Автомобил
Toyota RAV4 со 55.26% од гласовите
-Главна награда- Најпосакуван Автомобил
Range Rover Evoque со 35.79% од гласовите

Честитки за сите победници! Официјалното доделување на наградите ќе се одржи наскоро, а неколку читатели ќе добијат влезници за гала вечерта!




