Гласањето за овогодинешниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало официјално заврши на 31 март, а сите Вие ги избравте победниците во четири различни категории. Ова е шестто издание на изборот за Златно Тркало кој го организираме со Автоплус, CarClub.mk и RPM.mk. Оваа година имаше вкупно 16 автомобили поделени во четири различни категории и беа направени нешто повеќе од 20.000 гласања.
Во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил победник е новата Opel Frontera – со освоени 25.3% од гласовите во категоријата.
Во категоријата Најпосакуван Градски Автомобил победник е новиот Renault Clio – со освоени 26.5% од гласовите во категоријата.
Во категоријата Најпосакуван Електрифициран Автомобил победник е новиот Lynk&Co 08– со освоени 21.6% од гласовите во својата категорија.
Главната награда – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2026 година ја освои новиот Audi Q5 – со освоени 43.2% од гласовите во својата категорија.
Честитки до победниците и благодарност до сите наши читатели кои гласаа да ги избереме Најпосакуваните Автомобили во Македонија! Наградите за победниците ќе бидат доделени на официјален и ексклузивен настан.




