Ова се победниците на овогодинешниот избор на Златно Тркало!

Гласањето за овогодинешниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало официјално заврши, а сите Вие ги избравте победниците во пет различни категории.

Ова е јубилејно петто издание на изборот за Златно Тркало кој го организираме со Автоплус, CarsByVik и RPM.mk. Оваа година имаше вкупно петнаесет автомобили поделени во пет различни категории и беа направени рекордни 20.510 гласања.

Во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил победник е новата Mazda CX-60 – со освоени 29.49% од гласови во категоријата.

Во категоријата Најпосакуван Градски Автомобил победник е новата фејслифт Opel Corsa – со освоени 47.53% од гласовите во категоријата.

Во категоријата Најпосакуван Електрифициран Автомобил победник е новиот електричен Volkswagen ID.7 – со освоени 31.22% од гласовите во својата категорија.

 Во категоријата Најпосакуван Премиум Автомобил победник е новиот фејслифт Audi Q8 – со освоени 46.20% од гласовите во својата категорија.

Главната награда – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2024 година ја освои новата Porsche Panamera – со освоени 39.90% од гласовите во својата категорија.

Честитки до победниците и благодарност до сите наши читатели кои гласаа да ги избереме Најпосакуваните Автомобили во Македонија! Наградите за победниците ќе бидат доделени на официјален и ексклузивен настан.