Ова се победниците на изборот Златно Тркало – Најпосакуван Автомобил Во Македонија за 2025 година

Гласањето за овогодинешниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало официјално заврши на 4 април во 23:59 часот, а сите Вие ги избравте победниците во пет различни категории. Ова е петто издание на изборот за Златно Тркало кој го организираме со Автоплус, CarClub.mk и RPM.mk. Оваа година имаше вкупно 20 автомобили поделени во пет различни категории и беа направени рекордни 30.630 гласања.

Во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил победник е новиот Opel Grandland – со освоени 27% од гласови во категоријата.

Во категоријата Најпосакуван Градски Автомобил победник е Geely Coolray – со освоени 24% од гласовите во категоријата.

Во категоријата Најпосакуван Електрифициран Автомобил победник е новиот Peugeot 3008– со освоени 30% од гласовите во својата категорија.

Во категоријата Најпосакуван Премиум Автомобил победник е новиот Audi A5 – со освоени 35% од гласовите во својата категорија.

Главната награда – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2025 година ја освои новиот Cupra Formentor – со освоени 39% од гласовите во својата категорија.

Честитки до победниците и благодарност до сите наши читатели кои гласаа да ги избереме Најпосакуваните Автомобили во Македонија! Наградите за победниците ќе бидат доделени на официјален и ексклузивен настан.